- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Заборавете на потребата да ја поправате шминката!

Сега, кога императив е да се користи шминка која е постојана и која ни гарантира дека за време на дневните обврски не треба постојано да ја поправаме со допирање на лицето особено на очите, време е во вашата дневна рутина да воведете прајмер за очи. Ви откривам зошто тоа е важно.

Избегнете размачкување на шминката!

Користите само најквалитетни козметички производи, дури и подлога за шминка за во огледало да изгледате совршено! Полни сте со самодоверба, излегувате со пријателите, а само по еден или два часа, очните капаци ви се претвораат во размачкано платно! Оваа болна сцена ќе ја расипе дури и најдобрата забава, но знајте дека лесно можете да ја избегнете ако вклучите прајмер за очи во списокот на вашите задолжителни козметички производи.

Толку мал и толку моќен!

Секое шминкање бара одредена количина на труд, особено шминкањето на очите. Тие се позиционирани на централниот дел на лицето, многумина ги сметаат за „огледало на душата“ и тоа е повеќе од доволна причина да им посветите дополнително внимание.

Како што за беспрекорен изглед на целото лице неопходна е беспрекорна основа што ќе го изедначи тенот и шминката ќе ја направи да трае подолго, така и на вашите очни капаци им е потребна основа за сенка. Таа ќе овозможи полесно и побрзо нанесување на сенките за очи, моливот и тушот за очи, а главната придобивка е далеку поинтензивна боја и максимална издржливост.

- Реклама -

Лесен за нанесување!

Добрата подготовка е клучна! Нанесувањето на прајмерот за сенка ќе ви одземе само неколку секунди повеќе од вообичаеното шминкање, но за возврат ќе добиете многу – совршен изглед и шминка што нема да се разлее од капаците цел ден и ноќ! Без непријатни изненадувања, бојата од очите ќе исчезне само кога ќе решите да ја отстраните шминката од лицето со отстранувач.

За почеток, исчистете ги очните капаци со мицеларна вода или некое друго средство за чистење на лице без масло. Од мрсно чело полошо е да имате мрсни очни капаци, бидејќи нема сенка што ќе остане на нив повеќе од еден час.

Нанесете мало количество на прајмер за сенка, тапкајте со прст или четка на целиот горен очен капак – од коренот на горните трепки до веѓите, но и по долниот раб на трепките. По нанесувањето текстурата на кожата веднаш ќе стане мазна, така што сенката, моливот и тушот многу полесно ќе се „лепат“ на основата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Helen E Official instagram 🇬🇧 (@helenecosmetics) on

Прави чуда на вашите очи!

Прајмерот за лице ги поврзува сите елементи на шминката и ги одржува заедно, а особено е важен во оние вечерни прилики кога прибегнуваме кон „тешка“ шминка, контурирање на лицето итн. За чувствителната област околу очите секогаш користете наменски прајмер. Со него, сенката ќе остане постојана најмалку осум часа, ќе заборавите на пресликување на слоевите, создавање на брчки, собирање боја во наборите и што е најважно, повеќе нема да губите време на непотребни и претежно неуспешни поправки на шминката. Прајмерот за очи може да биде повреден од самата палета на сенки, бидејќи го зголемува интензитетот на боите, а со тоа дури и оние просечни сенки за очи можат да изгледаат волшебно.

Дали сте користеле прајмер за очи? Споделете го вашето мислење за него во коментари!