Selena Gomez откако во февруари го објави лансирањето на Rare Beauty, обожавателите и бјути ентузијастите со нетрпение чекаа да ги испробаат производите од овој бренд. Rare Beauty е козметичка компанија која става акцент на менталното здравје и се стреми да ги поттикне луѓето да се чувствуваат сигурни и убаво во својата кожа.
„Да се биде посебен (Rare) значи да се чувствувате добро во вашата кожа. Престанав да се обидувам да бидам совршена, само сакам да бидам јас. Мислам дека Rare Beauty може да биде повеќе од бренд за убавина. Сакам да престанеме да се споредуваме едни со други и да започнеме да ја прифаќаме нашата единственост. Rare Beauty не е она што другите го гледаат во вас, туку она што вие го гледате во себе“ – вели Selena Gomez.
Rare Beauty не содржи сулфати SLS и SLES, парабени, формалдехиди, фталати, минерално масло и содржи помалку од еден процент на синтетички мириси. Производите се вегански.
Во продолжение погледнете ги производите на брендот Rare Beauty, за кои зборуваат бјути ентузијастите од целиот свет.
Always An Optimist Illuminating Primer
Прајмер во форма на гел кој е базиран на вода, ја измазнува, хидрира и осветлува кожата без да биде леплива. Вашата кожа ја прави мека и со природен сјај. Прајмерот е без силикон, кој може да ги запуши порите и да предизвика создавање на акни.
Liquid Touch Weightless Foundation
Течна пудра која е создадена да се чувствувате како во вашата сопствена кожа. Достапни се 48 нијанси, а нијансата 250W е изборот на Selena за нејзиниот тен. Пудрата обезбедува средно до целосно покривање, ги прикрива порите и трае цел ден. Пудрата доаѓа во прекрасно мат транспарентно шише со капаче во форма на топка.
Многу фанови го пофалија брендот за дизајнот на пакувањата, бидејќи им помага на луѓето со артритис полесно да го отворат производот, вклучувајќи ја и самата Selena.
Liquid Touch Brightening Concealer
Лесен коректор со средна покривност за дамки, темни кругови, црвенило и фини линии. Коректорот е со кремаста текстура и хидратантен, а сепак супер траен. Како и течната пудра, коректорот доаѓа во 48 нијанси, а ознаките на нијансите се потполно исти со течната пудра.
Brow Harmony Pencil and Gel
Молив за веѓи во форма на триаголник за создавање на природно дефинирани веѓи. Доаѓа во 8 нијанси со природен изглед и овозможува да го прилагодите посакуваниот интензитет. Cool Brown е нијансата што ја користи Selena.
Perfect Strokes Matte Liquid Liner
Водоотпорен туш за очи во мат црна боја, кој лесно се нанесува и брзо се суши. Флексибилниот врв има над 1.000 вегански влакна за да се создадат тенки или дебели линии со исклучителна прецизност и контрола.
Soft Pinch Liquid Blush
Долготрајно пигментирано течно руменило кое доаѓа во 8 нијанси од кои 4 се со мат финиш, а 4 се со dewy ефект. Лесната формула совршено се совпаѓа со течната пудра без да ја размачка.
Positive Light Liquid Luminizer
Свилен, течен хајлајтер кој дава суптилен сјај, а истовремено ја хидрира кожата. Лесната течна формула содржи извонредни микро бисери што ја рефлектираат светлината и дава здрав изглед на кожата. Доаѓа во 8 нијанси, а омилената нијанса на Selena е Mesmerize.
Lip Soufflé Matte Lip Cream
Крем кармин со воздушеста формула со кадифен мат финиш која лесно се лизга на усните. Усните изгледаат пополни и помазни. Богатата формула обезбедува хидратација на усните, нежно ги омекнува усните, а бојата на усните ја има посакуваната долготрајност. Усните ги чувствувате пријатно цел ден. Крем карминот доаѓа во 12 нијанси, а нијансата Inspire е омилена на Selena!
With Gratitude Dewy Lip Balm
Обоен балзам со кој усните изгледаат полни и здрави. Обезбедува хидратација која трае цел ден, така што усните се чувствуваат негувани. Содржи шија путер и ботаничка мешавина од лотос и гарденија. Доаѓа во 8 нијанси, a Honor нијансата и е омилена на Selena за секој ден.
Always An Optimist 4-In-1 Mist
Хидратантен 4во1 мист кој веднаш ја смирува и ја храни кожата на лицето, притоа правејќи ја да изгледа и да се чувствува мазно, подготвена за шминкање. Дава природен и сјаен финиш. Содржи ниацијамид, натриум хијалуронат, гарденија, вода од крин и пантенол.
Blot & Glow Touch-Up Kit
Компактен 2во1 производ што може да се надополнува и ги содржи најважните алатки за брза корекција – марамчиња за апсорбција на маснотии и пуфна со пудра – за освежување во движење. Сетот содржи едноставни марамчиња кои го апсорбираат вишокот маснотии од вашата кожа и универзална пуфна со транспарентна пудра без талк. Вклучете го за дополнителна контрола на прекумерниот сјај со ефект на нежно измазнување на тенот на лицето.
Каде може да ги набавите производите на брендот Rare Beauty?
Производите од брендот Rare Beauty на Selena Gomez можете да ги набавите на официјалната страна на Rare Beauty и во парфимериите Sephora.