Сјаен течен кармин кој трае до 16 часа и не се размачкува? Звучи невозможно, но Maybelline New York успеа! Набргу откако мат течниот кармин SuperStay Matte Ink ја прослави својата петта годишнина, линијата е надградена со сјајна верзија наречена SuperStay Vinyl Ink која подеднакво е пигментирана и долготрајна.
Формула која пркоси на размачкувањето!
Секоја жена стреми кон кармин кој ќе успее да ги помести границите на долготрајноста на усните. Овој пат, Maybelline New York го претстави Super Stay Vinyl Ink течниот кармин со сјаен финиш кој нуди импресивни нијанси кои траат до 16 часа без размачкување на вашите усни. Секоја нијанса на Super Stay Vinyl Ink течниот кармин е совршена, со ефект на висок сјај и долготрајност. Формулата е збогатена со состојки за нега за носењето да биде што е можно поудобно.
Сензација на социјалните мрежи!
Течниот кармин Maybelline SuperStay Vinyl Ink стана сензација на социјалните мрежи и практично е невозможно да се набави, бидејќи постојано се распродава. Оценет е како исклучително долготраен и ефектен, но корисниците на социјалните мрежи ги коментираат сосема спротивно нивните искуства со новиот течен кармин од Maybelline New York. Некои напоменуваат дека многу е важно производот да се протресе цели 5 секунди пред нанесување. Други коментираат дека тој е исклучително течен и малку леплив, што некои ги излудува, но повеќето ја истакнуваат долготрајноста на течниот кармин.
View this post on Instagram
Нијанси кои предизвикуваат впечаток на усните!
Карминот е достапен во 10 винилни нијанси кои предизвикуваат висок впечаток на вашите усни. Изборот е одличен, од светли бои до заситени црвени тонови, па дури и совршени секојдневни неутрални тонови.
Започнете ја приказната која трае!
Во секој случај, Maybelline SuperStay Vinyl Ink е кармин што вреди да се проба! Само протресете го пред употреба и нанесете го на чисти и суви усни. Оставете го целосно да се исуши и уживајте во љубопитните погледи!