- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Луксузниот бренд Alexandre.J слави 100 години од раѓањето на Art Deco со лансирање на шест софистицирани мириси! The Art Deco Collector

Убавина за сите имаше посебна чест заедно со највлијателните инфлуенсерки од Македонија да учествува на онлајн настанот организиран од луксузниот бренд Alexandre.J по повод глобалното лансирање на шест софистицирани мириси кои ја слават сто годишнината од раѓањето на Art Deco стилот. Настанот го водеше бренд менаџерот Сунчица Смилјаниќ, а новата Art Deco колекција ја презентираше Amelie Jabban – Alexandre.J глобален бренд менаџер.

Alexandre.J ги поместува границите на своите креации до крајни граници!

Alexandre.J е современ француски дизајнер, уметник, посветен хуманиста и патник, себеси се дефинира како „истражувач“ воден од желбата постојано да ги поместува границите на своите креации до крајни граници.

На парфемите од брендот Alexandre.J можете да им се восхитувате во niche парфимеријата Анабела Мериот во Скопје, каде сигурно ќе ве обземат со нивната изработка со племенети и најфини материјали. Секое шишенце рачно се изработува околу 200 часа за да се обликува, полира и емајлира.

- Реклама -

The Art Deco Collector

Инспириран од древните креации, вклучувајќи го дизајнот на мебелот, ентериерот, декорот и архитектурата, луксузниот бренд Alexandre.J оддава почит на златното Art Deco доба. Потпирајќи се на карактеристиките од тој период како што се најфините суровини, смелите бои и позлата, Alexandre.J ја употреби својата креативност во создавањето на мирисната колекција The Art Deco Collector.

За оваа специјална Art Deco мирисна колекција посебно внимание е посветено на деталите на шишињата: мрежичка e инспирирана од велот на лицето што жените често го носеле, а капачето со закривените линии е како одраз на облините на Art Deco мебелот. Мирисливиот потпис ги рефлектира акордите од дваесеттите години на минатиот век, подобрени со богатството на денешните материјали. Мирисно патување со колекцијата е инспирирано од забавите, модата и духот на дваесеттите години.

Шесте парфеми од оваа Art Deco мирисна колекција се претставени во шест обоени кутии со свила и внатрешност обложена со сатен. Секој мирис од колекцијата раскажува мирисна приказна што сигурно ќе ве интригира да ја помирисате.

The Majestic Jardin

Постојано барајќи нови возбудувања, луѓето од тоа време биле одушевени со откритието на егзотичниот Исток и Азија. Бескрајни забави се случувале во градините обложени со кедар, каде цветовите од цреша трепереле покрај димот од наргиле.

The Majestic Amber

Периодот на Art Deco го обележија првите мириси во кои доминира одреден цвет. The Majestic Amber оддава почит на овие креации со блескавата и женствена ружа. Нејзините латици како жолтите плодови милувани од сонцето му ја даваат прекрасната златна килибарна боја како раскошен декор од минатото.

The Majestic Oud

Со појавата на џезот кабареата станаа најпопуларни места за да се биде виден. Уметниците се раме до раме со интелектуалците во времето кога Josephine Baker станува ѕвезда на париските ноќи. The Majestic Oud ве потсетува на овие сензуални ноќи со мирис збогатен со овошно пачули обвиткано со моќниот oud.

The Majestic Vanilla

Majestic Vanilla им оддава почит на првите ориентални мириси од дваесеттите години на минатиот век. Еманципираните жени прикажуваат одреден машки стил во интимноста на зачадените будоари. Како одраз на овој „момчешки“ стил – The Majestic Vanilla ги меша женствените ноти на овошјето и ванилата со смолестата машкост.

The Majestic Musk

Majestic Musk ја евоцира елегантната и бујна жена од громогласните дваесетти години. Првите мириси со синтетички ноти се мешаат со пудрести ноти, а под влијание на гламурот жените се обвиткани во крзно и со блед тен на лицето за да ја истакнат нивната убавина.

The Majestic Vetiver

The Majestic Vetiver го враќа опуштениот начин на живот и креативната енергија на Француската ривиера. Токму во тој медитерански амбиент напишана е приказната за Големиот Гетсби, а воедно се појавиле првите chypre парфеми. Како шепот на Belle Epoque – период на француската историја наречен „прекрасна епоха“ помеѓу 1880 и 1914 година, The Majestic Vetiver испорачува вкусен мирис на дрвенест ветивер збогатен со ароматично ветре.