Заведувањето стана премногу лесно, премногу достапно во нашиот постмодерен свет: моментно визуелно задоволство кое се добива без премногу напор.
Маестрално соединување на сите сетила!
Hugo Boss верува во различен начин на заведување. Бавен и стабилен, но сепак исполнет со возбуда од исчекување. Начинот на заведување на Boss е уметност, која наоѓа совршена рамнотежа помеѓу самодовербата и лежерноста. Откривањето на она што жените навистина го сакаат е маестрално соединување на сите сетила. Тоа трае и не се заборава лесно.
Нова страна на Boss мажот!
Новиот парфем, The Scent, открива една нова страна на Boss мажот. Тој се фокусира пред се на неговите лични, наместо на неговите професионални достигнувања. Тоа е човек чиј успех е секогаш заводлив. Тоа се гледа во начинот на кој се однесува, кројот на неговиот костим и неговата самоуверена харизма.
Сега тој може да ги покаже овие квалитети преку својот парфем. Токму таа специфичност на заводливоста го одбележува новиот главен парфем на брендот, фокусирајќи се пред се на емоционалната наместо на интелектуалната интелигенција.
Разбудете ги сетилата со Boss The Scent!
Во Boss Parfums веруваат во заведување кое целосно го окупира умот и остава траен белег. Аромата која го има ова дејство е потполно уникатна. Boss The Scent поседува ексклузивна состојка од Африка. Тоа е афродизијачкото овошје maninka, кое потсетува на комбинација од пешнфрут и рум. Сепак, maninka предизвикува нешто подлабоко и посилно: поттикнување на копнежот и будење на сеќавањето. Поставен на цврстата основна арома на кожа, неговиот ефект е моќен, единствен и незаборавен.
Неопходна состојка: Boss мажот!
Во горните ноти, мирисот на ѓумбир го прави првиот впечаток на разиграност и заводливост. Возбудливата maninka се соединува со лавандата за да ја обвитка кожата со сензуалност во срцето на мирисот. Интензивна полирана кожа која се провлекува како сеќавање пренесува чиста, привлечна машкост во базните мирисни ноти.
И се разбира, тука е уште една неопходна состојка: Boss мажот, која го додава својот шарм за да остави незаборавен впечаток.
Примамлива килибарна течност!
Шишенцето на Boss The Scent претставува примамлива килибарна течност, заробена во сребрен кафез, така што дава впечаток како духот на заведувањето да е заробен пред да може да ја ослободи својата динамична моќ.
Theo James, персонификација на заводливата страна на Boss херојот!
Заштитното лице на Boss The Scent е харизматичниот холивудски актер, Theo James – познат по неговата улога во научно фантастичниот блокбастер, The Divergent и по неговото незаборавно појавување во Downton Abbey. Theo James е персонификација на заводливата страна на Boss херојот: самоуверен и природно свесен за својата привлечност.