Следејќи ја огромната популарност на Lost Cherry парфемот, Tom Ford ја прошири Private Blend линијата со два нови Cherry мириси, наречени Cherry Smoke и Electric Cherry. Сите љубители на нотата од цреша ќе бидат повеќе од задоволни кога знаат дека овошниот тренд на Tom Ford продолжува и оваа година!
Зачаден шоу! Tom Ford Cherry Smoke
Како искусен хедонист, Cherry Smoke си игра со оган, пука од мирис на црна цреша, запален од заводлив османтус, тлее со зачадени дрвенести ноти. Најновиот Cherry Smoke е топол и зачинет мирис.
Cherry Smoke се отвора со исклучителниот мирис на црна цреша, зајакнат со егзотични ноти на шафран. Мирисните бели цветови на османтус зрачат со ароми на кајсија, маслинка и кожа, додека дрвенестите зачадени акорди повикуваат со загреана живост и топлина.
Хедонистичка и зачадена Cherry Smoke ја опфаќа темната страна на црешата.
Tom Ford Cherry Smoke е достапен во шишенца од 30 и 50 мл, како Eau de Parfum.
Разигран и провокативен! Tom Ford Electric Cherry
Electric Cherry го спојува мирисот на морело црешата со топлината на мошусот и жестокиот јасмин, заедно евоцирајќи флерт што блеска со разигран сјај. Новиот Electric Cherry е свеж и опоен, цветно-овошен мирис.
Унисекс изданието Electric Cherry ја комбинира бујната кисела нота од морело црешата со возбудлив ѓумбир. Додека, раскошниот јасмин повикува со волшебна арома. Примамливиот мирис на мошус, ослободува топол здив кој се меша со зачинет розов бибер во зрно.
Electric Cherry истовремено е шумлив и разигран. Мирис кој ги опишува првите, флертувачки фази на една романса.
Tom Ford Electric Cherry е достапен како Eau de Parfum во шишенца од 30 и 50 мл.