- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Со текот на годините, особено на возраст по четириесет години, најмногу промени се забележуваат на кожата на лицето. Изборот на пудра во овој период од животот има за цел формулата да дејствува како инстант лифтинг, односно да ја затегне кожата и ги измазни брчките.

Поради промените на кожата на лицето ќе треба да промените неколку видови на пудра, во зависност од тоа дали вашата кожа е мрсна, сува, осетлива, нормална… Во тој период од животот освен според типот на кожата, пудрата ја избираме според бојата на тенот, а најдобра нијанса е онаа која целосно ќе се стопи со лицето.

Во продолжение ќе ви дадам неколку совети како да изберете пудра за возраст по четириесет години.

четириесет години возраст

Формула која подмладува и не создава ефект на маска!

Повеќето жени на возраст по четириесет години имаат проблем со суво лице, создавање на брчки, недостаток на волумен, губење на еластичност на кожата… Затоа, течната пудрата која е наменета за возраст по четириесет години не треба да биде со тешка и густа формула, бидејќи ќе се вовлече во порите и брчките. Поради тоа сите неправилности ќе бидат уште повеќе видливи, а наместо природен изглед на лицето ќе го добиете непосакуваниот ефект на маска. Најдобри течни пудри се оние кои имаат лесна формула, кои брзо го изедначуваат тенот, создавајќи чувство на мазност и ги „бришат“ брчките, воено враќајќи го младешкиот изглед на лицето.

- Реклама -

Како да изберете пудра за возраст по четириесет години, за зрела кожа

Течна пудра за возраст по четириесет години – златни правила!

После четириесеттата година на кожата најпотребна е добра нега и хидратација. Во исто време потребни се и квалитетни производи со витамини и други активни состојки. Тие ќе ја стимулираат синтезата на создавање на колаген и ќе го забават формирањето на длабоки брчки. Најдобрата течна пудра за овој период од животот, воедно треба да ја негува кожата и да ги прикрива неправилностите. Во исто време на кожата треба да и обезбедува здрав сјај.

Ако текстурата на течната пудра е на база на силикон, лесно ќе го постигнете ефектот на лифтинг на лицето. Повеќето сериозни козметички брендови имаат линии со производни наменети само за зрела кожа. Ве советувам да се обидете со пудрите од познатите светски производители како што се Lancôme или Estée Lauder. Тие покажуваат одлични резултати кај жените над четириесет години. По нанесувањето на овие течни пудри површината на лицето ќе биде затегната. Најважно од се е изостанувањето на непријатното чувство на затегнатост на лицето. Кожата ќе биде свиленкаста и еластична, а брчките речиси невидливи!

Ако немате премногу време за шминкање, а потребно е само да го изедначите тенот на лицето, добро ќе ви послужи ЦЦ кремот. Тој ја намалува дисколорацијата, помага „сивата“ и уморна кожа да засјае. Го прикрива црвенилото, сончевите дамки… Може да се користи самостојно или како прајмер, пред нанесување на течната пудра.

Како да изберете пудра за зрела кожа