Дали се чувствувате посилни додека ја носите омилената боја на кармин на вашите усни?
Врската помеѓу жената и нејзиниот омилен кармин е љубовна приказна која трае со децении. Покрај сите иновации на козметичкиот пазар што се случуваат низ годиниве, карминот остана на врвот на листата на омилени производи за убавина на секоја жена. Неговата историја е долга, а влијанието несомнено! Најмногу поради неколку причини, а една од нив секако е онаа – ништо не ѝ дава самодоверба на жената како усни нагласени со раскошна текстура на добар кармин. Мора да се согласите со ова тврдење!
Карминот го носиме за себе, за да се чувствуваме подобро, посамоуверено!
Времето на пандемија ја стави на тест врската што ја имаме со оваа мала, но моќна алатка. Додека сме принудени усните да ги покриваме со заштитна маска, карминот за миг ја изгуби својата функција и едноставно немаше смисла да го нанесуваме, бидејќи никој не можеше да го забележи. За кратко време побарувачката за кармини опадна, но со иста брзина повторно се вративме на ова задоволство и покрај тоа што маските сè уште се дел од нашето секојдневие. Другите можеби не гледаат дека носиме кармин на усните, но ние всушност го нанесуваме за себе, за да се чувствуваме подобро, посамоуверено, без разлика дали одиме на работа, на кафе или во театар.
Неопходен сојузник кој се наоѓа во чантата!
Ние немаме таков однос кон другите козметички производи, додека карминот секогаш е сојузник кој се наоѓа во чантата како еден од секојдневните неопходни работи кои не придружуваат во текот на целиот ден, во сите ненадејни моменти кога ни е потребна доза на гламур. Со неколку потези подготвени сме за секоја можност и предизвик.
Сега покрај интензивната боја кармините обезбедуваат и нега на усните!
Како што ја имаме онаа модна комбинација во која се чувствуваме најхрабро и најдобро, го имаме и оној кармин што го сметаме за наш помошник и покрај променливите трендови. Во времето на маските за лице, сојузник бараме во долготрајните, високо пигментирани и постојани кармини што нема да не изневерат. Со текот на годините, формулите на кармините станаа понапредни и пософистицирани, па покрај интензивната боја на усните, сега кармините обезбедуваат и нега, со што овозможуваат повеќе од потребата за самоизразување.
Карминот стана повеќе од само еден кармин и не се задоволуваме со помалку!
Долготрајноста и удобноста на карминот додека го носиме, го зајакнува расположението и карминот станува повеќе од само еден кармин, а во овие тешки времиња не се задоволуваме со помалку.