- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Популарната колекција на парфеми Good Girl од Carolina Herrera го дочека својот најнов мирис Very Good Girl Glam. Овој пат, атрактивното шише е во боја на цреша натопено во блескав водопад од сјај. Колекцијата ја паметиме по минатогодишната креација Very Good Girl што се засноваше на контрастот помеѓу розата и ветиверот.

Karlie Kloss

Ќе бидете заведени од новиот мирис!

Најновото издание Very Good Girl Glam повторно се поигрува со розата и ветиверот, но на овошен и посладок начин. Креацијата содржи вкусни црни цреши и горчлив бадем.

Very Good Girl Glam ingredients

Ултимативна изјава за женската моќ!

Парфемот Very Good Girl Glam е ода на моќта на женственоста – бестрашен и брилијантно смел парфем дефиниран со блескав мирис на цреша и шише силуета на висока потпетица. Совршен е за сите жени кои сакаат да ја изразат својата двојна личност, силна и разиграна, но сепак елегантна и привлечна.

- Реклама -

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CAROLINA HERRERA (@carolinaherrera)

Што точно го прави новиот мирис одличен?

Со слатки и соленкасти контрасти, парфемот Very Good Girl Glam ја отелотворува двојноста која е клучна за секој мирис во семејството Good Girl. Интензивните горни ноти на цреша го дефинираат овој мирис, додека водата од роза го подобрува женското срце, издигнувајќи го од парфемска вода до парфем со висока концентрација. Основата од ветивер и ванила ја подобрува длабочината и го нагласува контрастот. Мирисот е создаден од парфимерите Quentin Bisch, Louise Turner и Shyamala Maisondieu.

Carolina Herrera Very Good Girl Glam ingredients

Шише како израз на женственост!

Парфемот Very Good Girl Glam го повторува дизајнот на култното шише Good Girl, но со црвена боја на цреша, натопено во блескав водопад од сјај за спектакуларен израз на женственост. Храбрата женственост зрачи не само од мирисната композиција, туку и од самото шише кое совршено го нагласува карактерот на мирисот.

Very Good Girl Glam

Karlie Kloss е заштитно лице на новиот мирис!

Американскиот модел Karlie Kloss и овој пат е заштитно лице на сосема новата кампања за мирисот Very Good Girl Glam. Таа е шеќер, таа е зачин, таа е сè убаво, таа е позната како ултимативната Good Girl.

Најновиот мирис Carolina Herrera Very Good Girl Glam е достапен во шишиња од 30, 50 и 80 мл. Неговата концентрација е означена како парфем.

Karlie Kloss Carolina Herrera Very Good Girl Glam bottle

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ubavina za site (@ubavinazasite)