- Реклама -

Скршете ги правилата! Max Factor 2000 Calorie Curl Addict Mascara

Десет години наназад Max Factor е синоним за маскара. Големи четки, мали четки, прецизни четки, формула за волумен, за зајакнување, за продолжување на трепките, маскари кои лесно се отстрануваат или се водоотпорни… изборот е голем и постојано се зголемува со нови иновативни решенија следејќи ги трендовите, а што е уште поважно, давајќи ни можност за различни ефекти кои сакаме да ги постигнеме на очите.

Секоја девојка сака супер интензивно извиткани трепки кои едноставно ги отвора очите. Жените денес можат да имаат се со Max Factor 2000 Calorie Curl Addict маскарата која ги витка трепките со невиден волумен, се во еден производ. Кршејќи ги правилата на традиционалната шминка, ова е комбинација од маскара и виткач на трепки, кои ги виткаат трепките и додаваат екстравагантен волумен со секое нанесување. Повеќе не ви е потребен виткач на трепки!

Мејкап уметност!

Широката мрежа на мејкап артисти на Max Factor е во срцето на секој Max Factor иновативен производ. Работејќи со својот тим од мејкап артисти, Max Factor откри дека жените често користат повеќе чекори и техники да дојдат до извиткани трепки и волумен. Додека некои жени користат виткачи на трепки, други нанесуваат повеќе слоеви на горните и долните трепки. Двете техники се комплицирани, ви го трошат времето и речиси никогаш не резултираат со посакуваниот ефект.

Мејкап артистите на Max Factor го инспирираа Max Factor да дизајнира маскара со збиени влакненца, кои ја зафаќаат секоја можна трепка. Заоблената четка започнува од коренот на трепките, создавајќи совршено извиткани трепки од коренот па се до врвот. Формулата им дава волумен на трепките и ги затемнува, без да им нанесе тежина, па затоа остануваат цврсто на своето место.

- Реклама -

Виткачите на трепки сега веќе се минато. Со Max Factor 2000 Calorie Curl Addict маскарата жените можат да имаат се: волумен и виткање во еден производ. Четката и формулата ја ставаат уметноста на шминката цврсто во рацете на секоја жена дома, овозможувајќи извитканост и волумен за совршен крај на изгледот.

Наука: Четка!

Со пократка глава на четката од повеќето маскари (20мм), нанесувањето е поконтролирано и прецизно, овозможувајќи нанесување слој боја на секоја трепка. Влакненцата се збиено распоредени, како би се обезбедило подлабоко продирање на трепките. Конечно, четката овозможува голема количина на производот да се задржи на средишниот дел на четката, така што се обезбедува повеќе од маскарата на трепките.

Наука: Формула!

Формулата содржи точен баланс на восоци, овозможувајќи лесно отстранување, но максимална заштита на трепките. Со високо ниво на материи (помалку влажна формула), формулата обезбедува интензивна црна боја за додавање екстра слоеви и зголемување на волуменот, а сепак се суши веднаш.

Наука: Состојки!

Пигментот за потемнување им овозможува на трепките да бидат поприметливи и повпечатливи. Двојниот полимер систем обезбедува флексибилниот слој да биде отстранет со сапун и вода.

Max Factor 2000 Calorie  Curl Addict е маскара која ветува виткање и волумен на трепките, без компромис!

- Реклама -