Подготви се за нешто невообичаено!
Ви го претставувам Juicy Shaker од Lancôme. По Juicy Tubes кои важеа за револуционерен изум во 2000 година, Lancôme ги создава Juicy Shaker, течен кармин кој ги крши сите правила преку своите разиграни бои кои треба да се растресат пред употреба.
Што го прави производот толку уникатен?
Невиден до сега начин на нанесување, двофазна формула која е мешавина од обоени пигменти и масла кои негуваат и уникатен апликатор. Резултатот се интензивни и вибрантни блескави бои, нежна и нелеплива текстура. На кратко, ова е тотално зависен течен кармин, сензација на забавните за шик девојки и додаток од кој никогаш нема да се уморите.
Зошто Juicy Shaker е баш Lancôme производ?
Juicy Shaker е симболика на Lancôme производите. Shaker е еден од најгламурозните кармини создаден од таткото на брендот Armand Petitjean. Создаден во 1946, кога коктелите беа симбол за гламур насекаде, со авангардна структура за своето време, тој е инспирација за името и концептот на Juicy Shaker. Другата инспирација на Lancôme се Juicy Tubes, култниот сјај за усни толку често имитиран, но никогаш со успешна копија, кој ги промени правилата на шминката на еден навистина забавен и лесен начин.
Едноставно брилијантни, бран од блескави бои и интензивна нежност со изненадувачка двофазна формула.
Фаза 1: Генијална мешавина од масла кои негуваат
Текстурата на Juicy Shaker се соединува со усните при самата апликација, благодарение на четирите бесценети состојки кои ги содржи: масла кои заштитуваат, масла кои инстантно ги измазнуваат усните и ги истакнуваат, масла кои блескаат и даваат сјај и масла кои не се лепливи.
Масло од праска, измазнува и негува,
Слатко бадемово масло, остава благи траги на усните,
Масло од брусница, анти-оксидирачко масло кое ги заштитува усните и е богато со Omega 3 и 6,
Масло од мускатна роза, ги регенерира усните.
Фаза 2: Инфузија од пигменти
Благодарение на својата двофазна формула, Juicy Shaker комбинира уживање и боја од перфектно дозирани пигменти кои создаваат вибрантни бои. Растресувањето на течноста овозможува перфектна структура на бојата и нанесување врз усните.
Резултат: свежо растресените Juicy Shaker нудат вибрантни бои за усни. Повторете го нанесувањето додека да го добиете интензитетот на боја кој го посакувате.
Адаптибилен апликатор!
Lancôme создаде адаптибилен апликатор за усни, изненадувачка алатка која свиленкасто нежно се соединува со усните. Како сунѓер свиленкаст и со нежен на допир, неговата текстура ја апсорбира вистинската доза од формулата и благодарение на паметната форма која совршено ги прегрнува усните. Овој апликатор апсорбира доволно од формулата така што со секое повторување бојата станува поинтензивна.
Боја, сјај, сензација и комфорт! Juicy Shaker.