Mon Paris, мирисот на модниот бренд Yves Saint Laurent инспириран од вечниот град Париз, ќе биде претставен со ново издание Mon Paris Couture во февруари 2018 година. Ова е трето издание на линијата Mon Paris по оригиналното издание од 2016 година и верзијата Mon Paris Eau de Toilette.
Гламурозен и блескав женски мирис!
Mon Paris Couture е цветна и класична верзија на оригиналот. Најавен е како гламурозен и блескав женски мирис. Опојниот мирис на датура цветот освежен е со пупка од роза и цитрусни акорди на грејпфрут. Мирисната композиција ги задржува нотите на оригиналното издание како што се белиот божур, цветот од портокал, пачули и бел мошус. Ова издание повторно е создадено од парфемското трио Olivier Cresp, Harry Fremont и Dora Baghriche-Arnaud.
Yves Saint Laurent Mon Paris Couture ќе биде достапен како 30, 50, 90 мл Eau de Parfum.