Конечно серум кој прави се! Не кажувајте дека тоа е невозможно! Откријте го новиот Lancome Renergie HCF Triple Serum!
Серумот е еден од најважните производи во рутината за нега на кожата. Го нанесуваме на лицето веднаш по чистењето и сушењето на кожата и затоа важно е да ги избереме вистинските активни состојки врз основа на резултатите што сакаме да ги постигнеме. Серумот е еден од оние производи за нега на кожа во кои навистина вреди да се вложи малку повеќе, за подоцна да уживаме во сите благодети што може да ни ги донесе. Експертите особено препорачуваат уотреба на серум за намалување на сите „недостатоци“ на кожата поврзани со стареењето – хиперпигментација, фини линии и брчки.
Не кажувајте дека тоа е невозможно!
Активните состојки кои најчесто ги бараме во еден серум се хијалуронска киселина, витамин Ц и ниацинамид, пептиди… Но, често се наоѓаме пред ѕид кога сакаме да ги комбинираме овие активни состојки и не знаеме од каде да почнеме и по кој редослед да ги нанесеме. За среќа, сега веќе не треба да се грижиме, затоа што Lancôme создаде нова револуционерна формула, Rénergie H.C.F. троен серум, а го обожаваат познати дами како Amande Seyfried, која е заштитно лице на брендот.
View this post on Instagram
Триесет години по лансирањето на линијата Rénergie (1992), Lancôme со лансирањето на новиот Rénergie H.C.F. троен серум претстави нова ера на производи за нега на кожа со високи перформанси кои значително придонесуваат за волумен на кожата, нега против брчки и темни дамки. Во една тројна доза комбинирани се три активни состојки кои се познати по нивното комплементарно и истовремено дејство врз знаците на стареење на кожата, а досега се сметаа за некомпатибилни: хијалуронска киселина, витамин Ц + ниацинамид и ферулинска киселина.
Конечно серум кој прави се!
Првите реакции веќе пристигнаа од жените од целиот свет кои забележуваат подобрување во целокупниот изглед на кожата за само една недела. Lancome Renergie HCF Triple Serum е многу ефикасен што обезбедува супериорна нега, затоа жените тврдат дека со задоволство би го замениле својот сегашен серум со овој или би го додале во нивната рутина за нега на кожата.
Нова генерација на дермокозметички активни состојки!
Хијалуронска киселина
Хијалуронската киселина е состојка за нега на кожата која често се наоѓа во омилените серуми, маски и хидратантни креми и важен додаток е во секојдневна рутина за нега на кожата. Тоа е затоа што хијалуронската киселина – молекула која природно се наоѓа во кожата се врзува со водата за да ја „пополни“ кожата и да и го даде оној росен, сјаен ефект. Кога станува збор за Rénergie H.C.F. тројниот серум, хијалуронска киселина во неговата формула се добива со употреба на биотехнологија и зелена хемија. Познато е дека хијалуронската киселина апсорбира до 1000 пати повеќе вода од сопствената тежина и на тој начин помага во измазнување на кожата и враќање на нејзината исполнетост. Новата генерација на оваа состојка уште поефикасно продира во кожата и се задржува во неа до 13 пати подолго од стандардната хијалуронска киселина.
Витамин Ц + ниацинамид
Чистењето и хидратацијата на кожата несомнено се многу важен дел од секоја добра рутина за нега на кожата, а секоја добра рутина дефинитивно вклучува производ кој во својата формула содржи состојка како витамин Ц. Овој ултрапопуларен антиоксиданс ја штити кожата од слободните радикали (како УВ зраците и загадувањето), го стимулира производството на колаген и ги отстранува темните дамки за да открие сјајна кожа и да создаде изедначен тен.
Ако на витаминот Ц додадеме уште една чудесна состојка како ниацинамид (форма на витамин Б3), можеме да постигнеме уште подобар резултат. Ниацинамидот помага на кожата да произведува церамиди за да ја подобри заштитната функција на кожата и хидратацијата. Воедно го зголемува производството на колаген за да помогне во намалувањето на појавата на фини линии и брчки и минимизирање на видливоста на порите. Оваа состојка го намалува прекумерното производство на себум и може да помогне во ублажување на видливоста на хиперпигментацијата. Како тоа да не е доволно, се покажа дека има антиинфламаторни ефекти, што ја прави особено корисна состојка за оние со акни и розацеа, а се работи и за моќен антиоксиданс.
Со оглед на многуте придобивки од двете состојки и поради нивната комплементарна природа, тие се многу моќна комбинација. Иако имаат малку различни механизми на дејствување, тие ги решаваат истите „проблеми“ од различни агли, што Rénergie H.C.F. тројниот серум го прави уште помоќен сојузник во борбата против знаците на стареење.
Ферулинска киселина
Ферулинската киселина е моќен антиоксиданс кој ги неутрализира оштетувањата од слободните радикали, ултравиолетовото зрачење или инфрацрвеното зрачење – сите овие процеси го забрзуваат стареењето на кожата. Се наоѓа во клеточниот ѕид на растенијата како овес, кафеав ориз, кикирики и портокали. Со зајакнување на бариерата на кожата, оваа состојка помага и за подобрување на квалитетот на кожата. Во Rénergie H.C.F. тројниот серум, оваа состојка е 99% чиста, а се добива од оризови никулци или трици со помош на зелена хемија.
Нема да морате да се грижите за проблемите со иритација или чувствителност со оваа состојка бидејќи сите типови на кожа можат да уживаат во ферулинската киселина. Но, осветлувачките придобивки ја прават особено одличен избор за сите кои се соочуваат со уморен тен, темни кругови и хиперпигментација.
3 текстури во една тројна доза!
Секоја од овие дермокозметички активни состојки во овој серум се чува во посебен сад во шишето, за да се спречи изложување на воздух, светлина и нечистотија и да се одржи оптималната ефикасност пред состојките да се спојат кога се нанесуваат со тројниот апликатор.
Овие три дерматолошки активни состојки се комбинирани со гликопептиди од екстракт од ленено семе, клучни и препознатливи состојки на производите од палетата Rénergie. Високите концентрации на активен екстракт од ленено семе се добиени со ладно цедење. Таквиот екстракт од лен е богат со пептиди и олигосахариди. Пептидите ја зајакнуваат заштитната бариера на кожата и помагаат во хидратацијата на кожата, додека олигосахаридите ја подобруваат нејзината структура.
Како се користи Lancome Renergie HCF Triple Serum?
#1 При првото нанесување, притиснете неколку пати додека не се истиснат 3-те формули од серумот.
#2 Наутро и навечер истиснете две дози на дланка, промешајте ги трите формули за да се соединат.
#3 Нанесете на лицето и вратот со масирачки нагорни движења од средината на лицето кон надвор. По апликација на серумот нанесете ја својата омилена хидратантна крема. За оптимални резултати користете го заедно со Advanced Génifique линијата и во комбинација со крема со заштитен фактор.
Што треба да знаете за ефективноста на тројниот серум?
#1 После 2 недели од користење тенот на кожата е изедначен!
#2 После 4 недели интензитетот на темните флеки е намален!
#3 После 8 недели големината и бројот на темните флеки видливо се намалени!
Каде може да се набави?
Lancome Renergie HCF Triple Serum можете да го набавите овде.