- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Козметиката е специфичен производ, бидејќи се нанесува директно на кожата. Знаеме дека кожата апсорбира се што ќе нанесеме, а преку неа тие состојки директно допираат до крвотокот. Ако ги пратите информациите од светот на козметиката, сигурно сте слушнале за штетноста на одредени козметички состојки досега.

Кои се штетните состојки и зошто? Како да ги избегнувате и кои состојки не се толку озлогласени, дознајте во текстов!

штетни состојки

Секој козметички производ мора да има истакнат состав на производот според меѓународната номенклатурата на козметички состојки (INCI). Составот на козметичките производи обично се наоѓа на позадината на производот и ги нагласува сите природни и хемиски компоненти, конзерванси, вештачки бои и мириси кои се користат во формулата на производот.

Имињата на состојките се дадени на латински или на англиски и веројатно мислите дека ви треба диплома на хемиски стручњак за да ги протолкувате. Не грижете се, во текстов ќе ви дадам неколку насоки како да ги препознаете штетните состојки во козметиката и како можат да ви наштетат!

- Реклама -

Кои состојки треба да ги избегнувате

Штетни Козметички Состојки!

ПАРАБЕНИ

Еден од најозлогласените состојки во козметичката индустрија го пратат бројни контроверзии. Парабените всушност се конзерванси, кои го спречуваат развојот на микробите во козметичките производи. Постојат различни видови на парабени и во составот ќе ги најдете под имињата: metylparaben, propylparaben, butylparaben, isopropylparaben, isoputylparaben итн.

Ако производот содржи само еден парабен, тоа не е толку страшно, меѓутоа голем број на производи содржат комбинација на повеќе парабени. Тие имаат способност да дејствуваат на организмот како естроген, хормон што е поврзан со ракот на дојката! Тие не се распаѓаат во телото, но се таложат околу коските, срцето и градите. За среќа, повеќето козметички брендови се повеќе ги исфрлаат парабените од употреба.

штетни состојки

СУЛФАТИ

Сулфатите едноставно кажано се соединенија на детергентите, кои ја имаат моќта на растворање на мастите и нечистотијата. Можеме да ги најдеме во повеќето средства за чистење како: сапуни, купки, шампони, гелови за туширање, но и во средствата за чистење во домаќинството, како што е прашокот за перење, течноста за миење садови и сл. Тие се во широка употреба во козметичката индустрија, затоа што нивната цена е ниска, ефикасно чистат и прават многу пена.

Нивната штетност се одразува во иритацијата и сушењето на кожата, посебно ако имате сува и чувствителна кожа склона кон дерматитис. На сулфатите посебно чувствителна е нежната детска кожа. Сулфатите ќе ги пронајдете под разни имиња: sodium lauryl sulphate (SLS), sodium laureth sulphate (SLES) – малку поблаг сулфат и ammonium lauryl sulphate (ALS). Ако имате чувствителна кожа на скалпот избегнувате ги сулфатите во шампоните!

АЛКОХОЛИ

Алкохолот служи како средство за растворање на други состојки во козметиката, а потоа како конзерванс, додека некои видови алкохол служат како навлажнувачи на кожата. Алкохолите се штетни затоа што ја сушат кожата, оставајќи ја незаштитена и подложна на бактерии. На тој начин тие го стимулираат создавањето на себумот, што ја прави кожата повеќе мрсна. Во козметичките производи ќе ги најдете под Alcohol Denat, Ethanol, Methanol.

Ако тие се на почетокот на составот на декларацијата, знајте дека неговата концентрација во производот е голема. Од друга страна исто така има и “добри” (масни) алкохоли кои имаат способност да ја навлажнат кожата, а ти се: Stearyl Alcohol, Myrystil Alcohol, Cetyl Alcohol… Наведените посебно се посакувани во навлажнувачките маски за коса.

чистење на лице

НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ – ПАРАФИН И ПЕТРОЛАТУМ

Тие најчесто се присутни во кремите за тело и раце, маслата за нега, балзамите за усни и восоците за депилација. Тие им даваат кремаста текстура и размачкување, но и чувство на привидна нега! Можете да ги најдете со следниве имиња: parafinum liquidum и petrolatum.

Тие го спречуваат испарувањето на водата од кожата со формирање заштитна обвивка на кожата како најлонска кеса. Вие всушност имате чувство дека вашата кожа се храни, но таа е исклучително сува под овој филм на кожата. Тие остануваат на површината на кожата, не прават ништо, всушност ги затвораат порите, не дозволувајќи кожата да дише. На крајот на краиштата, како нешто што доаѓа од нафтата може да биде корисно за нашето здравје?

нега на лице

ФОРМАЛДЕХИД

Формалдехид во козметичките производи ја игра улогата на антисептик: го штити развојот на  бактерии во шампоните, кремите, геловите за коса и млекото за отстранување на шминка, додека во лаковите за нокти обезбедува подобра атхезија на лактот за нокти. Сепак тој е исклучително опасен и потенцијално канцероген, предизвикувајќи алергиска реакција на кожата, главоболка, може да биде причина за појава на астма. Можете да го најдете: formaldehyd, imidazilidynil urea, formalite.

ТОЛУЕН

Толуен е состојка која може да се најде во лаковите за нокти. Овозможува непречено подмачкување на лакот. Тој често може да се најде во отстранувачите на лак што се со послаб квалитет. Има слаткаст, нападен мирис кој ја крие неговата токсичност: со вдишување може да предизвика невролошки оштетувања и нарушувања, тешкотии при дишењето, гадење. Посебно е опасен за бремени жени – докажано е неговото тератогено дејство (штетност по развојот на плодот). Затоа, одберете лак за нокти кои се декларирани како 3-free или 5-free, односно не ја содржат оваа штетна состојка.

лакирање на нокти