Опседната сум со впечатливи, драматични трепки кои одвлекуваат внимание – трпки кои се карактеризираат со бесконечен волумен и се обвиткани со црна, интензивна боја. Ова е мејкап изглед кој го обожавам, тој е драматичен, секси и впечатлив – сето тоа благодарение на Max Factor Excess Volume маскарата. Таа е совршенство од маскара, спој на најдобрата технологија со најдобрата формула!
Иновативна комбинација од два чекора!
Max Factor Excess Volume маскарата дизајнирана за жени кои се зависни од волуменозни трепки. Истовремено наменета за жени кои не го добиле она што го очекувале од нивната маскара за волумен. Овој тип на жени најчесто користат две или повеќе маскари за да го постигнат волуменот кој го посакуваат.
Max Factor Excess Volume маскара за ултра црн финиш на трепките која го трансформира волуменот од обичен во бесконечен, со иновативна комбинација од два чекора, првиот е четка и формула за мега волумен, вториот е интензивно црна формула за впечатлив финиш.
Прв слој за екстремен волумен!
Формула која содржи восок, темни пигменти и сферни честички кои креираат микро подлога за создавање на одличен волумен. Првиот чекор е спој од најголемата четка која ќе осигура максимум волумен кој може да се зголемува со секое наредно нанесување.
Горен слој за интензивно црна боја!
Поради микро структурата на првиот слој, горниот слој е наменет за да го финишира изгледот на секоја трепка од корен до врв, да ја направи интензивно црна, да и даде сјај.
Резултатот е интензивно драматични, супер црни трепки.