ДОЗНАЈТЕ КОИ МАШКИ ПАРФЕМИ СЕ ФАВОРИТИ ОВА ЛЕТО!

Најдобрите летни машки парфеми!

Доаѓањето на летото за секој маж значи дека треба да се промени парфемот. Летото е период кога по правило треба се избегнуваат интензивните парфеми. За топлите летни денови најдобро е изборот да се сведе на летни, лесни и освежителни мириси кои ќе ве задржат во духот на топлото сонце, песочните плажи и дефинитивно ќе ви го кренат расположението.

Летото е идеално годишно време за избор на некои полесни мирисни ноти. Затоа ви предлагам неколку машки парфеми за претстојните топли летни денови.

Prada Luna Rossa Black

Машкиот парфем од познатиот бренд Prada е совршен за летните ноќи.

Кај неговиот луксузен и енергичен мирис, во горните ноти доминира бергамот, а во срцето на парфемот композицијата е збогатена со ароми на билката angelica и пачули. Базата на мирисот со килибар, coumarin и мошус ќе ве направи да мирисате неодоливо цело лето.

Burberry Mr Burberry Indigo

Нов парфем од Burberry за оригинални мажи.

Оригиналното лице на Mr Burberry, глумецот и музичар Josh Whitehouse повторно се обедини со овој бренд. Whitehouse е лицето на новата кампања за нивниот најнов парфем, Mr.Burberry Indigo. Како освежување на оригиналниот мирис, оваа нова тоалетна вода е инспирирана од свежото морско англиско крајбрежје. Најновата едиција на Burberry е со мирис на црна рибизла, лимоново масло и рузмарин и e совршен летен избор за секој маж.

Giorgio Armani Acqua Di Gio Absolu

Новата верзија на оригиналниот Acqua Di Gio од 1996-та година носи класичен, дрвенест, ароматичен мирис со додаток на овошје. Ова парфем кој е претставен оваа година.

Во горните мирисни ноти преовладуваат овошните акорди, бергамот и морските ноти, во срцето доминира гераниум, лаванда и рузмарин. Базата на мирисот е составена од пачули, дрвенести ноти и тонка.

Овој навистина мажествен мирис е надополнет со одлично пакување кое дефинитивно ќе биде фаворит ова лето.

Chanel Bleu de Chanel

Првата верзија на овој парфем беше претставена во 2010 година, следејќи ја понова верзија во 2015 година. Сега Chanel го претстави новиот и подобрен машки парфем со дрвенеста арома, помешана со додатоци од цитрус, кедар и сандаловина.

Dolce&Gabbana Light Blue Italian Zest Pour Homme

Новата лимитирана едиција на овој машки парфем ќе ве натера да се почувствувате како да сте на Медитеранот.

Light Blue Pour Homme е со поголема доза на свеж бергамот, луксузни цитрусни есенции проткаени со арома на бибер, мошус и мов. Кај мирисот Italian Zest, чистата експлозија на свежи ноти на бергамот го подобрува контрастот на свежина и сензуалност по што е познат Light Blue Pour Homme. Со интензивирање на горните ноти со ладен коктел од грејпфрут и мандарина, аромата на бибер и смрека дополнително го зачинуваат рузмаринот и дрвото од роза во срцето на мирисот. Како контраст на темјанот и мошусот во суштина оставаат уште покај впечаток.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *