Канцелариски мејкап изглед за 5 минути!

Вашиот утрински ритуал за шминка може да биде ефикасен и ефективен со советите кои ќе ви ги презентирам. Ќе постигнете мејкап изглед на кој вашите колеги ќе завидуваат и тоа само за 5 минути!

Лесна основа!

Користете течна пудра со формула што ја знаете, бидејќи ви обезбедува брзина и сигурност за време на нанесувањето. Фокусирајте се на масните предели на лицето и оние црвените, околу носот и брадата. За подочниците каде е потребно поголемо покривање, користете коректор и тапкајте го со прст за убаво да се изблендира и да изгледа природно.

Природно руменило!

За да постигнете природен изглед на румени образи, изберете руменило со кремаста текстура. Тоа ќе создаде младешки израз и лесно се нанесува само за неколку секунди. Најдобро е да го изблендирате  со прсти, бидејќи топлината на вашето тело совршено ќе го стопи на вашата кожа. Никогаш не го нанесувајте директно на вашето лице, туку прво на вашата рака, а потоа со прсти или четка, како сакате повеќе.

Полни веѓи!

Геловите за веѓи се најдобрата опција, бидејќи тие даваат густина, изедначеност и само со едно нанесување ги држи веѓите на место цел ден. Изберете нијанса која одговара на вашите веѓи, бидејќи дополнително ќе ја нагласи бојата и ќе ги пополни празнините. Сепак, транспарентен гел ќе ја заврши работата ако не можете да ја пронајдете соодветната нијанса.

Отворен поглед!

Блескава боја на шампањ, нијанса на праска и светли-неутрални нијанси ќе го отворат вашиот поглед и ќе направат очите да изгледаат будно. Изберете кремаста долготрајна сенка и нанесете ја со прст врз очниот капак, сé до прегибот. Потоа земете ја омилената маскара и нанесете ја со цик-цак движењата од коренот до врвот на трепките.

Совршени усни!

Ако го игнорирате транспарентниот сјај за усни, со кој нема грешка, кармин во боја секогаш е одличен избор за многу прилики. Обоени усни навистина можат да го подигнат целото лице и да ја заокружат приказната за вашата утринска брза шминка. Изберете нијанси малку потемни од природната боја на усните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *