- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Lancôme влегува во нова ера за нега на кожата, претставувајќи ја најнапредната наука за микробиомот на кожата директно до потрошувачите, преку првиот виртуелен симпозиум во светот организиран од Lancôme, на кој Убавина за сите како претставник од Македонија учествуваше на предавањето кое се одржа во Париз.

Учесници од повеќе од 20 земји!

Lancôme беше домаќин на првиот виртуелен симпозиум за нега на кожата, посветен на науката за микробиомот. Брендот Lancôme покани учесници од повеќе од 20 земји на кои им беше презентирана најсовремената наука за кожата.

Иновативноста e движечка сила на Lancôme!

Иновативноста на производите за жените отсекогаш е нашата движечка сила. Во денешно време, улогата на водечкиот бренд Lancôme е да ја донесе науката пред прагот на нашите потрошувачи овозможувајќи им да се информираат. Со Е-симпозиумот за нега на кожата, Lancôme обедини меѓународни експерти за да го претстават најновото научно откритие на науката за микробиомот и потенцијалот за создавање на посилна и поздрава бариера за кожата.” – Françoise Lehmann, претседател на глобалниот бренд Lancôme.

- Реклама -

Водечки експерти во науката за микробиомот!

Во посветеноста да им помогнат на потрошувачите подобро да ја осознаат кожата преку моќта на технологијата и стручноста, Lancôme ги собра водечките експерти во науката за микробиомот на кожата од целиот свет:

Др.Annie Black – меѓународен научен директор на Lancôme,

Проф.Richard Gallo – Оддел за дерматологија, Универзитет во Сан Диего, Калифорнија, САД,

Проф.Patrick K.H. Lee – вонреден професор, Универзитет во Хонг Конг,

Проф.Ahmad Khodr – истражувач во L’Oréal,

Marine Pegeon – од Lancôme лабораториите.

Експертите во нивните излагања го презентираа потенцијалот на науката за микробиомот да создаде посилна и поздрава бариера за кожата.

Неоткриената страна на кожата за здрав изглед!

Како пионер во областа на науката за микробиомот на кожата со 16 годишно истражување зад себе, на првиот виртуелен симпозиум Lancôme го презентира истражувањето како функцијата на кожната бариера е компромитирана од новата реалност со која се соочуваме денес.

Бидејќи здравјето на кожната бариера денес добива ново ниво на важност, истражувањата покажаа колку е важно да се спротивстави на нарушената функција и да се зајакне кожата и нејзиниот микробиом.

Моќен, но сепак невидлив – микробиомот на кожата е неистражената страна на кожата со здрав изглед. Lancôme претстави нова визија во индустријата за нега на кожата преку едуцирање на потрошувачите со научно знаење што им е потребно за создавање на здрава бариера за кожата.

Lancôme Advanced Génifique, докажано ја зајакнува бариерата на кожата!

Исконскиот серум на Lancôme – Advanced Génifique претставува кулминација на 16-годишната истражувачка работа. Знаењата од истражувањата за микробиомот на кожата се резултат од 62 клинички студии ширум светот, 21 меѓународна научна публикација и 23 експертски партнерства, кои обезбедија повеќе од 500 милиони поединечни податоци.

Резултати веднаш по првата капка!

Advanced Génifique серумот од Lancôme не само што е движечка сила во ова ново поле во науката за микробиомите, туку е и лидер на патот кон иднината за ефективна нега на кожата. Новата формула на Advanced Génifique е надградена со уникатен комплекс од 7 пребиотички и пробиотички фракции. N°1 серумот е наменет за сите типови на кожа и за сите возрасти, каде докажано го зајакнува микробиомот на кожата, помагајќи и на кожата да закрепне за 77% побрзо, веднаш по првата капка.

Секоја капка од серумот носи 30 милиони пребиотички и пробиотички фракции на кожата. Ова е потребната доза на неопходни хранливи материи потребни за стимулирање на создавањето на корисни бактерии на микробиомот на кожата. Кожата закрепнува побрзо! После употреба на само едно шишенце од серумот, кожата е со здрав сјај, посилна и изгледа видливо помладо.