РЕЦЕНЗИЈА: Митот повторно се раѓа! Armani Acqua Di Gio Profumo

Исконскиот мирис Acqua Di Gio од Giorgio Armani доби свој наследник во неверојатно сензуалниот Acqua Di Gio Profumo, роден од вулкански камења и длабочините на океанот. Acqua Di Gio Profumo го поврзува невозможното пронаоѓајќи хармонија во контрастот помеѓу темните моќни камења и енергијата на кристалното сино море. Тоа е приказна за еден маж и раѓањето на слобода која всушност потсетува на морето и на сонцето кое зрачи на преплавените карпи.

Култното темно шише крие мирис кој ги буди сетилата

За мене шишето на парфемот Acqua Di Gio Profumo потсетува на црно полиран камен  брануван со кристални бранови на бескрајното море. Култното темно шише крие мирис кој ги буди сетилата.

Acqua Di Gio Profumo е модерна верзија на легендарниот Acqua Di Gio, а во новата верзија со волшебни ноти на темјан, прилагоден на вкусовите на младите, збогатен со поинтензивни мирисни ноти, со тоа е идеален избор за сите годишни времиња. Темјанот го прави овој мирис многу модерен, со што му дава една нова димензија.

Навистина достоен наследник на оригиналот

Acqua Di Gio Profumo е модерна верзија на легендарниот Acqua Di Gio

Најновото ремек-дело носи комбинација од освежувачки бергамот и морски ноти, потоа мирисот на темјанот се јавува како волшебна состојка во парфемот. Дрвенастите, ароматичните и морските ноти го прават Acqua Di Gio Profumo исклучително мажествен мирис. Во срцето се отвараат ноти на здравец, жалфија и рузмарин кои во пулсирачки ритам ја загреваат кожата и испуштаат мирисен облак од темјан и пачули.

Acqua Di Gio Profumo е ѕвер од мирис

Навистина достоен наследник на оригиналот, озбилен мирис за мажи на 30 години. Мирисот има ДНК на Acqua Di Gio, но многу поелегантен и поинтензивен. Трајноста на парфемот во првите два часа е неверојатна, но бидете сигурни дека и по 10 часа парфемот се уште ќе го осеќате на вас. Можеби на прв поглед ако го пробате парфемот на блотер нема да ви се допадне, но на кожа парфемот се развива во прекрасна симфонија, а темјанот во него не ви дава мир. На почетокот многу јак, но кога ќе се апсорбира во кожата зрачи со умереност.

Парфемот може да се носи во сите прилики, Acqua Di Gio Profumo е ѕвер од мирис.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *