Како да ги нашминкате очите покрај црвен кармин на усните – 3 тренди предлози!

Неговото Височество, црвениот кармин е еден од највпечатливите мејкап производи што една жена може да го носи. Со само едно нанесување, добивате дополнителна самодоверба, зрачите со женственост и се чувствувате секси. Оваа безвременска боја на кармин, обично не знаете како да ја вклопите со остатокот од шминката на вашите очи. Затоа ви давам три трендовски предлози за шминка на очи кои совршено ќе се вклопат со вашиот омилен црвен кармин.

Црвените усни се класичен, евергрин мејкап изглед, кој не престанува да биде популарен со децении. Ако сте во дилема за тоа како да го комбинирате карминот со остатокот од шминката, а притоа да не ја засенете сета негова убавина, само следете ги моите предлози! Ќе ви требаат само неколку сенки за очи и црн туш!

3 тренди предлози за шминка покрај црвен кармин!

1 Класичен туш за очи и nude сенка

Овој мејкап изглед е толку едноставен, но сепак толку ефектен и убав, што може да ви биде дневен мејкап изглед. Прво, базата, односно тенот на лицето мора да биде совршен, така што вашите црвени усни и мачкини очи ќе засјаат во преден план! Тенот на лицето подгответе го добро со квалитетна пудра која ќе ја фиксирате. Интензивни бои на руменило не се пожелни за овој мејкап изглед.

Што се однесува до очите, нанесете nude сенка или малку потемна нијанса на надворешниот агол на очниот капак, за да создадете беспрекорно “платно” за вашиот туш. Потоа извлечете остра и подебела линија со тушот со задолжителните крилца. Црвените усни ќе дојдат во прв план, а вие ќе изгледате како холивудска дива!

2 Златна сенка

Овој мејкап изглед е погоден за вечерни прилики, кои ќе ве направат да се претставите во полн сјај! Златната сенка на очите не треба да биде премногу светкава, за да не би изгледале како да одите на прослава на новогодишната ноќ. Едноставно нанесете златна сенка на целиот очен капак, многу маскара и омилениот црвен кармин. Совршен тен на лицето секогаш се подразбира кога носите црвен кармин. Овој мејкап изглед е класичен, но со доза на гламур!

3 Црвена сенка + црвен кармин

За оние смели дами, кои сакаат да експериментираат со шминка и подлегнаа на трендот на црвени сенки за очи, ја предлагам оваа монохроматска комбинација на очите и усните! Црвената сенка е незгодна за комбинирање, а највпечатливо изгледа во комбинација со црвени усни. Важно е да ја пронајдете вашата црвена сенка за очи, што одговара на вашиот подтон и нијансата на тенот. За овој мејкап изглед ќе ви биде потребна палета со топли црвени бои, со кои можете да направите „red smokey eyes“. Сигурно ќе бидете забележани, а за вашите мејкап вештини сигурно ќе се разговара!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *