- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Најновите мејкап адути од престижниот бренд Dior, наменети за сезоната есен – зима 2018/2019 година беа претставени на светската бјути сцена како приказна за убавина каде се спојува сензуален сексипил со доза на хумор. Хумор, бидејќи новата колекција на шминки за претстојната студена сезона наречена е Dior en Diable (Диор и ѓаволот) и оддава признание на една рекламна кампања од архивата на Dior која беше наречена токму така.

Мејкап колекцијата Dior en Diable инспирирана е од работата на починатиот моден уметник Christian Dior, кој беше познат по своите предизвикувачки дизајни, облекувајќи ги жените во ангелска розова, но исто така и во храбра, неодолива портокалова боја. Peter Philips, креативен директор на брендот Dior, во тие детали ја пронајде инспирацијата за новата Dior мејкап колекција. Својата инспиративна муза за новата сезона ја пронајде во флертувачка и заводлива жена со ѓаволски дух.

Dior En Diable! Мејкап колекција!

Dior 5 Couleurs палета

Експлозивниот и женствен карактер на Dior En Diable мејкап колекцијата уште повеќе се истакнува со користењето на светло портокалови и бакарни тонови на лава, кои еруптираат на лицето и резултираат во најдобар можен мејкап изглед за оваа сезона. Целото внимание е посветено на очите и ноктите. Очите се истакнати со нијанси од познатата Dior 5 Couleurs палета, достапна во комбинација на бои: 097 Volcanic и 837 Devilish. Двете во себе кријат живописни есенски бои на кои ќе биде тешко да се одолее, од портокалова до виолетова, па дури и црвена.

- Реклама -

Dior Rouge Blush руменило

Ѕвезда на колекцијата е Dior Rouge Blush, руменило што делува како кармин за усни, но само за образите: 459 Charnelle и 643 Stand Out, се две неодоливи нијанси.

Diorskin Nude Luminizer

Мејкап колекцијата не би била комплетна без сјај. Блескав сјај на вашето лице со само еден потег со четката ќе обезбеди Diorskin Nude Luminizer, пудра збогатена со бисерни пигменти кои го осветлуваат лицето и го нагласуваат најдоброто на него, носејќи нова димензија на било кое мејкап издание. Постојат дури 6 нијанси на Diorskin Nude Luminizer: 01 Nude Glow, 02 Pink Glow, 03 Golden Glow, 04 Bronze Glow, 05 Rose Glow и 06 Holographic Glow.

Rouge Dior кармин

Хармонија во комбинацијата на смели бои на очите и ноктите донесува малку пригушените бои на Rouge Dior карминот за усни во шест нови нијанси: On Fire, Matte Kiss, Rouge en Diable, Bordeaux, Furious Matte и Dark Devil. Течниот кармин Rouge Dior е повеќе експресивен, со две живописни нијанси за усни: 635 Copper Lava и 784 Red Lava.

Dior Vernis лак за нокти

Лакот за нокти Dior Vernis доаѓа во шест нови нијанси: 411 Sulphurous, 531 Hot, 703 Trigger, 851 Rouge en Diable, “Devilishly Dior!” и Flower-woman.