Овој Instagram трик ќе го промени нанесувањето на вашата маскара – засекогаш!

Кога станува збор за маскара, таа е една од најомилените мејкап производи во несесерот на секоја девојка и жена од 15-75 години. Дали некогаш сте погледнале некое упатство за нанесување на маскара? Или некој ве научил? Не, секако!

Сепак, стандардниот начин на нанесување на маскара секогаш не ги дава посакуваните резултати. Затоа ви пренесувам неверојатен Instagram трик за нанесување на маскара! Ви ветувам пополни, подолги и повеќе волумен на трепките него вообичаено!

Instagram трик на Georgie Eisdell за нанесување на маскара!

Ова видео на мејкап артистката Georgie Eisdell, како на моделот и нанесува маскара, стана голем хит и како вирус многу брзо се рашири помеѓу мејкап заедницата. За што станува збор?

Наместо шминкерката да ја расчешлува маскарата со нежни движења низ трепките на моделот, како што правиме сите ние, таа прво нанесува маскара во коренот на трепките и четката ја повлекува со цик-цак движења преку трепките на моделот кој е со затворени очи!

Трик за совршени трепки – можете и вие!

Нанесувањето на маскара на затворени очи е идеално ако нанесувате на некој друг, но овој трик може да го прилагодите на себе, со движење на трепките преку маскарата, така што ќе нанесете маскара на коренот на трепките, малку ќе ја протресете со цик-цак движења и ќе трепнете!

 

Видео: marieclaire.com

Сепак, овој трик не ги остава најчисти очните капаци, може малку да ги размачкате со маскарата. Но, кога веќе ќе добиете толку добри трепки, вреди да се помачите. За брзински да ги избришете флеките од маскарата на очните капаци, почекајте додека маскарата се исуши, потоа со стапче за уши или четка за веѓи исчеткајте ја флеката од маскарата. Полесно е да се отстранат остатоците од маскарата кога таа е сува.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *