Како да одберете совршена маскара за вашиот тип на трепки!

Како дел од секојдневната рутина на шминкање, маскарата е една од најпопуларните производи за шминкање, која го има резервирано своето место во секоја бјути колекција и козметички несесер. Еден слој на боја на вашите трепки создава wow ефект што го отвора погледот и ги нагласува вашите очи, со што маскарата се истакнува како посакуван додаток на секој, дури и наједноставен мејкап изглед со неутрални тонови, додека гламурозната шминка е незамислива без дарежлив слој на нанесена маскара за нагласени трепки. Како што потрагата по таа совршена маскара никогаш не престанува, брендовите за убавина никогаш не се откажуваат од предизвикот за создавање на совршена маскара, во која ќе го пронајдете вашиот апсолутен фаворит. Од нови формули до иновативни апликатори за нанесување, секоја нова маскара носи нешто ново, но секогаш со исто ветување за максимален волумен и продолжување, за создавање на посакуваниот wow ефект. Ако имате чувство дека веќе сте ги пробале сите маскари, но сеуште не сте ја пронашле онаа совршената, проблемот може да биде во изборот на погрешна маскара!

Совршена маскара за секој тип на трепки!

Како што ја избирате течната пудра според типот на кожата или кармините, сенките за очи и други мејкап производи во боја според нијансата на вашиот тен или бојата на очите, маскара треба да ја изберете во зависност од типот на трепките. Без разлика дали вашите трепки се долги или кратки, густи или ретки, прави или природно закривени, во светот на убавината веќе постои маскара која ќе им го даде на вашите трепки оној wow ефект. Се што треба да направите е да изберете апликатор кој ќе може да го извлече максимумот од вашите трепки.

За кратки трепки!

Ако вашите трепки се кратки, она што го барате е маскара што ќе даде ефект на должина. Маскари со помали или силиконски апликатори се вашиот најдобар избор.

 

За долги трепки!

Само затоа што веќе имате долги трепки не значи дека не сакате дополнително да ги нагласите. Вашиот избор е маскарата која им дава дополнителен волумен на трепките и ја нагласува нивната должина. Она што треба да обрнете внимание е формулата на самата маскара. За да избегнете пресликување на маскарата на вашите очни капаци или под очите, бирајте водоотпорни или маскари кои брзо се сушат.

За ретки трепки!

Ако имате ретки трепки, сè што барате од маскарата е волумен, волумен, волумен! Пронајдете ја вашата совршена маскара помеѓу маскарите со голем апликатор за да ви помогне лесно да создадете волумен. Ако вашите трепки се склони кон прилепување, секогаш изберете маскара со голем, но силиконски апликатор.

За густи трепки!

На густите трепки дефинитивно не им недостасува волумен, но во исто време се многу склони кон прилепување, поради што главниот предизвик е да ја пронајдете маскарата која ги одделува и ја нагласува нивната должина. За најдобро одделување и најдобра контрола при нанесување, изберете помали апликатори или сè повеќе популарните tubing маскари кои се истакнуваат како најдобар можен одговор за густите трепки.

За прави трепки!

За посакуваниот ефект на закосени трепки, на правите трепки им треба маскара со водоотпорна или сува формула, но не премногу тешка за може да се создаде закосен ефект и да се задржи во текот на целиот ден.

За закривени трепки!

Природно закривените трепки не бараат премногу! Сепак, за нив постои еден вид на маскара која ќе им одговараа повеќе од другите. За да го создадете оној wow ефект, изберете маскара чија текстура е ретка и влажна, што ја прави исклучително лесна за нанесување. Што се однесува до апликаторот, изберете го оној силиконскиот со долга четка. Уште еден  трик кој ќе ви помогне ако имате закривени трепки е пред да нанесете маскара да ги расчешлате трепките со апликатор без маскара.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *