Парфеми кои целосно ќе ве обземат! CoSTUME NATIONAL

Подгответе се за нови приказни и уникатни мирисни ноти со италијански потписCoSTUME NATIONAL

CoSTUME NATIONAL – моден бренд!

Модниот бренд CoSTUME NATIONAL е основан во 1986 година од страна на  Ennio Capasa, поранешен ученик на Yohji Yamamoto. Брендот е познат по тоа што поставил нов тренд во светот на „италијанскиот дизајн“ дефиниран како хипермодерна иновациска класика која прераснува во архитектонска прецизност во изработката на облеката, беспрекорно прилагодени кроеви и секојдневен стил кој вклучува кожни панталони, хеланки, свилени блузи и тексас. CoSTUME NATIONAL го комбинира италијанскиот шивачки занает со сензуалност и софистицираност. Во март 2016 година, јапонската група Seguedge станува нов сопственик на брендот, кој носи свежина во имиџот, односно внесува јапонски дух со италијански стил.

CoSTUME NATIONAL – парфеми!

Парфемите претставуваат природно продолжение во комплетирањето на брендот, девет посебни сензуални мириси, секој од нив претставува безвременска и уникатна креација со префинети карактеристики. Парфемите ги реинтерпретираат најблагородните состојки во светот на парфемите – амбер, роза, тубероза, ylang-ylang, пачули, сандалово дрво, шафран и јасмин, се со цел да станат суштински дел од секојдневието и на мажите и на жените.

Зад едноставниот, впечатлив и сензуален дизајн стои потписот на Ennio Capasa.

CoSTUME NATIONAL SCENT INTENSE Eau de Parfum

SCENT INTENSE EAU DE PARFUM е првиот парфем во колекцијата CoSTUME NATIONAL SCENTS кој го креира Ennio Capasa заедно со парфимерот Laurent Bruyère. Трилогијата на мирисни ноти ја нагласува индивидуалноста и силната личност.

CoSTUME NATIONAL INTENSE RED EDITION Parfum

INTENSE RED EDITION PARFUM не е само нов парфем, туку тоа воедно е парфем кој најмногу ја отсликува суштината на духот на брендот – рок душа со дефиниран софистициран стил.

CoSTUME NATIONAL SCENT Eau de Parfum

SCENT EAU DE PARFUM е креиран од страна на Laurent Bruyère. Целта е да создаде парфем со женски ноти кој е идеален за ден – сензуален, софистициран, но сепак суптилен, модерен, а истовремено безвременски.

CoSTUME NATIONAL 21 Eau de Parfum

21 EAU DE PARFUM – Основачот и дизајнер, Ennio Capasa по повод 21 годишнината на CoSTUME NATIONAL, иднината на брендот ја гледа во промена на начинот на гледање и доживување на луксузот, односно фокусот да биде на едноставноста. 21 е хармонија на најчистите елементи споени да создадат единствен и енергичен мирис.

CoSTUME NATIONAL HOMME Eau de Parfum

HOMME EAU DE PARFUM е технолошка креација на еден од најпрестижните мастер парфимери Dominique Ropion. Како авантурист кој се препушта на инстинктите, го создава новиот, хармоничен спој на состојки кои навидум се чини невозможен. Безвременски, заводлив, силен, модерен и мистичен мирис.

CoSTUME NATIONAL SO NUDE Eau de Parfum

За SO NUDE EAU DE PARFUM креаторот ќе каже „Голото тело за мене е есенција на заводливоста, а истовремено ја покажува вистинската личност на секој човек. Без граници, нудизам“.  Ennio Capasa зад овој неповторлив стил кој е сублимат на минимализмот и безвременскиот шик, сака да го потврди и истакне духот на CoSTUME NATIONAL кој вели потпрете се на себеси, денес, утре, засекогаш…

Новиот бренд CoSTUME NATIONAL можете да го најдете во парфимериите Anabella.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *