Парфемска премиера! Chloé Nomade Eau de Toilette

Nomade Eau de Toilette е сончева интерпретација на оригиналниот Nomade Eau de Parfum од 2018 година на модната куќа Chloé. Новиот Nomade Eau de Toilette содржи природни мирисни состојки сублимирани од страна на парфимерот Quentin Bisch.

Суштина на гламурозна женственост!

Разиграната, волшебна мекост на личи (litchi chinensis или азиска цреша) се открива во воведните ноти како „суштина на гламурозна женственост“. Акордите на фрезија од оригиналното издание носат многубројни нијанси во комбинација со деликатен цветен квалитет, додека силниот и специфичен карактер на дабова мов го подобрува тоналитетот на овој прекрасен мирис.

Шишенце – заоблени линии обоени со нежно розова боја!

Заоблените линии на Eau de Toilette шишенцето доаѓаат од патувањето кое го започна Eau de Parfum изданието. Транспарентноста на стаклото е обоена со нежна розова боја која се пресликува. Сјајното капаче е обвиткано со бледо розова врвка од еленска кожа.

Ariane Labed – заштитно лице на мирисот!

Кампањата е снимена во сојузната индиска држава Раџастан од страна на фотографот Ryan McGinley. Лицето на парфемот е Ariane Labed.

Chloé Nomade ќе биде достапен во 30, 50 и 75 мл, како Eau de Toilette.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *