Познатиот италијанскиот бренд Acqua di Parma претстави два нови парфеми: Lily of the Valley за оние кои сакаат цветни мириси и Oud & Spice за обожавателите на дрвенести ноти и со тоа ја збогатува мирисната колекција Signatures of the Sun. Acqua di Parma континуирано не изненадува со своите нови мирисни композиции. Мирисната трагата на Acqua di Parma ги собира најскапоцените состојки од егзотичните земји за да се создадат извонредни композиции. Ова се потписи на сонцето!

Acqua di Parma познатите состојки ги реинтерпретира на потполно нов начин!

Занаетчиството како уметност е застапено во сите сегменти на креирање на мирисите на светски познатиот италијански бренд. Од создавањето на парфемскиот сок, преку шишенцата и пакувањата, старите занаети одиграа важна улога и познатите состојки ги реинтерпретираа на потполно нов начин. Повеќе од еден век во совладување на уметноста на парфеми, се разгледува секоја мирисна нијанса, секоја есенција е битен материјал за конечното ремек-дело. Сјајно или интензивно, секое откритие е незаборавен момент.

Запознајте ги мирисните креации Lily of the Valley и Oud & Spice

Lily of the Valley

Lily of the Valley, парфем кој ја разоткрива убавината на кринот. Заедно со неизбежниот бергамот и грејпфрут и живите тонови на црната рибизла, сонцето се чини се поблиску. Јасминот, магнолијата и гераниумот го надополнуваат овој прекрасен букет, додека мошусот и кедровото дрво даваат потполност и топлина.

Lily of the Valley Acqua di Parma Signatures of the Sun Lily of the Valley

- Реклама -

Oud & Spice

Oud & Spice, богат парфем во чие срце е една од најретките и најтаинствените состојки кои ни ги нуди природата. Oud е исклучително ретко масло извлечено од Agarwood – скапоцена смола на дрвото Aquilaria. Овој уникатен мирис е создаден користејќи ја есенцијата Oud пронајдена во Лаос и е позната по својата исклучителна префинетост и баланс. Во комбинација со зачинетите тонови на цимет и каранфилче се истакнува богатството на мирисот. Сончевиот бергамот и розов бибер ја освежуваат композицијата, додека малината дава „вкусна и заразна“ нота. Конечно, богатата роза, пачули и сладоста на лабданумот го затвораат ова незаборавно, раскошно откритие.

Oud & Spice Acqua di Parma Signatures of the Sun Oud & Spice

Само во FABUspot Marriott и Cosmo City Mall

Парфемите од мирисната колекција Signatures of the Sun – Lilly of the Valley и Oud & Spice ексклузивно може да се најдат во парфимериите FABUspot Marriott и Cosmo City Mall во пакувања од 100 и 180 мл.

Acqua di Parma Signatures of the Sun

- Реклама -