Парфемска премиера! Roberto Cavalli La Notte

Модната куќа Roberto Cavalli ја претстави лимитираната едиција на мирисите Roberto Cavalli Eau de Parfum од 2012 година и Roberto Cavalli Uomo од 2016 година, во нова мирисна едиција наречена Roberto Cavalli La Notte.

Под закрила на ноќта откриваат нови сознанија за своите карактери!

Женски и машки парфем “иницираат ексклузивна средба… под закрила на ноќта откриваат нови сознанија за своите карактери: природна сензуалност, неодоливо фасцинантна и малку мистериозна”.

Roberto Cavalli La Notte мирисно дуо!

Мирисното дуо Roberto Cavalli La Notte е создадено од парфимерите кои ги создадоа и оригиналните мириси: Louise Turner за женскиот и Christophe Raynaud за машкиот.

Женскиот Roberto Cavalli La Notte е ориентален мирис на бели цветови. Се отвора со цитрус и зачински ароми кои ве водат до срцето на цвет од портокал, сега збогатено со нов акорд на ликер од малина. Основата завршува со дрвенести акорди, килибар и ванила.

Машкиот Roberto Cavalli Uomo La Notte е ориентална дрвенеста композиција во која е карактеристична нотата на љубичица збогатена со нијанси на лаванда, бергамот, зачини, тонка и пачули.

Шишенцата и пакувањата на Roberto Cavalli La Notte се обоени во темно сина боја и украсени со златни букви.

Женскиот ќе биде достапен во 75мл како Eau de Parfum, а машкиот во 100мл како Eau de Toilette.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *