Парфем за секој тип на маж! За класичен но модерен маж!

Dolce&Gabanna The One, за класичен но модерен маж!

Тој е зафатен, секогаш во трк со времето. Ова е маж кој најчесто го гледате во својот костум, преку ден на работа и навечер на некој деловен коктел или вечера. И покрај сите обврски сепак будно ја следи модата внесувајќи тренди елементи во неговиот секојдневен класичен аутфит. Каде и да се појави остава впечаток на сериозен маж кој привлекува и плени со својот класичен изглед.

The One For Man концентрат од елеганција и сензуалност!

The One For Man нуди концентрат од елеганција и сензуалност. The One е ориентално зачинет мирис кој е развиен од хармонични тобако ноти и префинети зачини. Возбудливата елеганција на горните ноти доаѓа од комбинацијата на грејпфрут, коријандер и босилек. Зачинетите и топли ноти потекнуваат од присуството на кардамом и ѓумбир кои го прават мирисот повпечатлив. Како изминува времето, мирисот преминува во машки и длабоки ноти на тобако и амбер проследени со кедар.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *