Најдобри течни пудри со одлична покривна моќ со прифатливи цени!

Тајната на секој добар мејкап изглед се крие во создавањето на совршена подлога која ќе ги покрие сите ситни несовршености, ќе создаде изедначен тен и ќе ни даде дополнителна доза на самодоверба. Со коректорот кој обезбедува прецизно покривање, вториот дел од моќното дуо за да создадете беспрекорен тен, се наоѓа во шишенцето со течна пудра кое обезбедува изедначен изглед на вашето лице.

Течни пудри со одлична покривна моќ што ќе ги најдете во најблиската парфимерија!

Од сезона во сезона, познатите брендови за убавина лансираат нови пудри со иновативни додатоци во формулите со цел создавање на совршена пудра. Последниве години уживавме во тестирањето на крем пудри во стик, воздушести пенливи пудри и лесните BB и CC креми, но течните пудри се проверени класици кон кои постојано се враќаме.

Како да ја изберете најдобрата течна пудра со одлична покривна моќ?

Со се поголемата и луксузна понуда на мејкап брендовите со прифатливи цени, тие нудат врвен квалитет, иновативни формули, но покрај цената најголемата предност е што можете да ги најдете на полиците во најблиската парфимерија.

Течните пудри со прифатливи цени го нудат сето она што го сакаме за совршена подлога!

Отсекогаш велам дека пудрата е еден од оние мејкап производи во кои секогаш вреди да се инвестира. Но, течните пудри на брендовите со прифатливи цени со текот на времето станаа толку добри, што лесно може да ги споредиме со пудрите на оние најлуксузните брендови, но со неколку пати пониска цена.

Нежни за кожата, со заштитен фактор кој и по сончевите летни денови секогаш е посакуван додаток, збогатени со хранливи состојки, течните пудри со прифатливи цени го нудат сето она што го сакаме за совршена подлога. И додека некои од нас се уште ќе бираат лесни пудри кои беа фаворити во летната сезона, со доаѓањето на првите есенски денови многумина ќе посегнат по течни пудри кои се истакнуваат со добра покривна моќ.

Најдобрите течни пудри со одлична покривна моќ кои ќе создадат изедначен тен на вашето лице, но без чувство на тежина, ви ги издвојувам за вас!

Maybelline Superstay 24h Full Coverage
L’Oreal Paris Infallible 24h
Max Factor Healthy Skin Harmony
Bourjois Healthy Mix Anti-Fatigue
Catrice HD Liquid Coverage
Deborah 24 Ore Perfect
Rimmel Lasting Finish

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *