Шише во облик на дијмант-бомба, Viktor&Rolf Flowerbomb Nectar

Flowerbomb Nectar е новиот член на колекцијата парфеми Flowerbomb на дизајнерите Viktor&Rolf. Направен како интензивен вечерен мирис, но повеќе интимен и мистериозен од неговиот претходник Flowerbomb од 2005 година.

Магично и натприродно патување!

Flowerbomb Nectar претставува магично и натприродно патување во јадрото на цветот и создава интензивна и жестока експлозија на свежи акорди во цветни комбинации. Flowerbomb Nectar се отвора со необични и “експлозивни” мирисни ноти на барут кој му дава свежина и нежен метален акорд. Срцето на парфемот содржи цветен сируп, направен од цветот на портокал, јасмин самбак и османтус. Композицијата завршува со топли акорди на бензоин, ванила и тонка грав.

Гламурозен и софистициран!

Шишето е во облик на дијмант-бомба го претставува самиот мирис, кој е гламурозен и софистициран. Flowerbomb Nectar ќе ве изненади и воодушеви.

Достапно е како 30, 50 и 90 ml Eau de Parfum Intensive.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *