Иако мирисите се составен дел од нашиот живот, има толку многу работи што не ги знаеме за нив. За разлика од повеќето козметички производи, мириси немаат инструкции за употреба на задната страна, затоа со намера да бидете апсолутно неодоливи, го истражив светот на мирисите во кој добро е да знаат неколку златни правила со кои никогаш нема да згрешите во изборот на вистинската мирисна љубов!
На мојата најдобра пријателка парфемот мириса подобро отколку на мене?
Спротивно на многу тврдења, не постои универзално привлечен парфем – секој мирис има своја приказна на кожата на секој поединец и остава уникатна трага, затоа немојте да ги слушате препораките на пријателите при изборот на мирис. Некои од факторите кои влијаат на тоа како парфемот мириса на една личност се: разликите во природниот мирис на кожата, исхраната, типот на кожата и многу други.
Парфемска или тоалетна вода?
Ако сите мириси што ги користите ги нарекувате парфеми, тогаш грешите! Всушност, голем број на мириси што ги купуваме во парфимериите доаѓаат во форма на тоалетна вода. Парфемската вода или Eau de Parfum има подолготраен мирис од мирисите кои се декларирани како Eau de Toilette. Разликата е во концентрацијата на мирисните есенцијални масла кои во првиот случај е поголема, затоа парфемот е поинтензивен и што е поважно повеќе долготраен! Со овие информации, ќе ви биде полесно да изберете од едниот или другиот.
Правилно нанесување на мирисот!
За да нанесете мирис, одберете делови од телото со силен пулс, како и оние што зрачат повеќе топлина како што се: вратот, клучната коска, градите или зглобовите. Не тријте ги вашите зглобови со мирис, бидејќи тоа ќе ја загрее кожата и ќе предизвика некои мирисни ноти да испарат многу побрзо отколку што треба. Пред да нанесете мирис, намачкајте ја кожата со лосион за тело без мирис, бидејќи добро хидрирана кожа го задржува мирисот подолго од сувата кожа.
Ако се двоумите за исправноста на нанесување на мирис на вашата коса, запомнете – во ред е да прснете малку мирис на вашата коса, но не секој ден! Косата ќе се исуши затоа што парфемот содржи алкохол.
Слоевито нанесување на мирисот!
Ако сакате да имате уникатен мирис, секогаш можете да се обидете со слоевито нанесување на мирисот. За трансформација најдобри се дрвенестите мириси, а со комбинирање на различни мириси може да ги претворите мирисите кои ги имате во интензивни и побогати – одлично за вечерни излегувања.