Сите љубители на врвните професионални третмани за коса, верувам дека со внимание ќе ја проследат информацијата од Kérastase за нивната линија за нега на коса Aura Botanica инспирирана од моќта на ревитализирачката енергија на природата.
Подобрување на состојбата на безживотната коса!
Линијата на производи Aura Botanica на жените им нуди ефективна грижа за подобрување на состојбата на нивната безживотна коса. Се користи формула со најмалку 97% природни состојки, без силикон и најмалку 98% биоразградливи состојки. Покрај тоа, линијата Aura Botanica, со тестирање е докажано дека обезбедува 2 дена негувана коса, 3 дена антифриз ефект и 4 пати повеќе сјај на косата.
Линијата се состои од четири производи: шампон, регенератор, масло за нега на косата и двофазен хидратантен спреј.
Состојки со природно потекло!
Bain Micellaire шампон нежно ја чисти косата со активни природни состојки без сулфати и силикон. Обезбедува чувство нa лесна и немрсна коса. Содржи состојки од природно потекло: самоанско кокосово масло и мароканско масло од араган.
Soin Fondamental регенератор обезбедува мека, ревитализирана коса со сензуален мирис. Го олеснува расчешлувањето на косата дури и без силикон, благодарение на високо концентрираните природни масла: кокосово, арганово и сончогледово.
Concentré Essentiel масло за нега, во комбинација на ароматични природни масла во концентрација од 99%. Дава мекост, сјај, а во исто време чувство на сувост при допир, без мрсни траги. Дозата се прилагодува на потребите на косата, во зависност од дебелината на влакното. Покрај самоанското кокосово масло, мароканското арганово масло, овој производ исто така содржи: авокадо, масло од јојоба и есенцијално масло од портокал и екстракт од рузмарин.
Essence d’Éclat двофазен спреј, се состои од две фази: масло и вода. Маслената фаза содржи хранливи масла на јојоба, арган, масло од кокос и авокадо, а водената фаза содржи вода од роза за дополнителна хидратација на косата. Со мешање на фазите на овој производ се добива навлажнувачки спреј за нега на косата кој ја храни во период од 2 дена, обезбедувајќи 3 дена антифриз ефект.