- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Во изминатите неколку години, невозможно е да се замисли беспрекорен мејкап изглед кој не го содржи производот што задолжително мора да биде присутен во секој несесер – неговото височество хајлајтер! Сепак, тој одамна не е резервиран само за јаболкниците на лицето, хајлајтерот стана тајно оружје за младешки и одморен изглед на кожата.

Стратешки места каде се нанесува!

Центарот на очниот капак!

Доволно е мала точка од хајлајтерот во средината на капакот, за да ги направите очите “отворени” и да изгледаат посвежо.

Под веѓа!

Ако нанесете хајлајтер над горниот лак и неколку милиметри под веѓата, резултатот ќе биде илузија на поголеми очи.

Внатрешниот агол на окото!

Еден од најстарите трикови што девојките го користат за да изгледаат свежо е да се стави мала количина на блескав мејкап производ во внатрешниот агол од окото. Хајлајтерот е идеално оружје за ова – го освежува изгледот и ефектно ќе го одвлече вниманието од темните кругови под очите.

- Реклама -

Помеѓу коренот на носот и внатрешниот агол на окото!

Одличен начин да ги направите вашите очи продорни и да ги потенцирате е да нанесете хајлајтер на овој дел од лицето. Она што го прави овој метод исклучително популарен е тоа што лесно се изведува и многу е ефектен.

Клучни мејкап трикови!

Нијанса!

При изборот на хајлајтер, важно е да се земе во обзир тонот на вашата кожа. Ако припаѓате на оние со топла нијанса, идеален е хајлајтерот во златни нијанси, додека за оние кои имаат ладна нијанса  одлично решение е сребрената боја на хајлајтерот.

Мудри комбинации!

Ако покрај хајлајтерот нанесувате сенка за очи, не смеете да изберете сенка што е посветла од хајлајтерот.

Исто така, ако сакате на линијата на долниот очен капак да нанесете молив за очи, користите ја онаа нуд нијанса – тоа ќе го потенцира делот на окото каде што е тешко да се нанесе хајлајтер, но фокусот ќе остане на оној дел од очниот капак што е украсен со хајлајтер.

Заборавете на остри линии!

Едно од најважните правила секако е добро блендирање. Кога станува збор за блендирање на хајлајтерот на очните капаци, најдобрата алатка е четка во форма на пуфна со средна големина.

Завршен допир!

Еден од најпопуларните мејкап трикови во последно време се прави на следниов начин: откако ќе завршите со шминкањето, посебно ако вашиот мејкап изглед е со некоја потемна сенка за очи, хајлајтерот во прав се нанесува преку целиот горен капак! За блендирање користете поретка четка. Резултатот: млад и свеж изглед!