Дали постои попопуларна и повеќе препорачувана состојка за нега на кожата од ретинол? Овој моќен дериват на Витамин А сега е подостапен од кога и да било благодарение на козметичките брендови кои го вметнуваат во своите производи против стареење. Големата популарност на ретинолот доведе до ширење на разни гласини, кои често предизвикуваат двоумење за позитивните придобивки на ретинолот. Затоа за вас издвоив 10 факти за ретинолот, кои сигурно не ги знаете, а тие ќе ви кажат повеќе за оваа моќна состојка!
Ова сигурно не сте го знаеле за ретинолот?
#1 Дејството на ретинолот е потврдено од науката!
Дерматолозите го сметаат ретинолот дека е една од најефикасните козметички состојки за подмладување. Придобивките што ги има за кожата се вистински докажани со неколку ригорозни студии. Научните студии покажаа значителен видлив напредок во проблемите како што се стареењето на кожата, брчките и фините линии. Ретинолот влијае на однесувањето на остарените дермални клетки, така што тие почнуваат многу побрзо да се обновуваат.
#2 Не мора да ги чекате брчките за да го користете!
Распространето е мислењето дека ретинолот не треба да се користи пред првите брчки, а тоа е – погрешно! Дерматолозите се согласуваат дека идеалното време за поблаги форми на ретинол (ретиноиди) е веќе при крајот на 20-тите и лесно може да се вклопи во вечерната нега на кожата. Придобивките што ги нуди ретинолот се огромни – затоа слободно пробајте го првиот ретинол!
#3 Не ја ослабува кожата!
Постојат неколку неточни митови кои кружат за ретинолот што ги одбиваат потенцијалните корисници, а тоа е дека ретинолот ја ослабува кожата со текот на времето. Ова едноставно не е точно – всушност, ретинолот има тенденција благо да ја задебели кожата со стимулирање на производство на колаген, што доведува до помалку брчки и помлада кожа.
#4 Избегнувајте ги цигарите додека го користите ретинолот!
Обидете се целосно да ги избегнувате цигарите и пасивното пушење додека ги користите производите од ретинол. Ретинолот ја прави кожата почувствителна за надворешните агресори, па кожата третирана со ретинол ќе биде поподложна на честичките од чадот на цигарите.
#5 Водата може да предизвика иритација од ретинол!
Почекајте најмалку 30 минути по чистење и миење на лицето пред нанесување на ретинол. Водата измешана со ретинол може да ги влоши несаканите ефекти – иритација и лупење на кожата. Проверете го составот на тоникот и серумот што го нанесувате пред ретинолот – водата често е прва во листата на состојки, така што случајно може да предизвикате иритација на кожата.
#6 Не мора да го користите секоја вечер!
Помалку е повеќе! Некои можат да си дозволат користење на производи со ретинол секоја вечер, додека други може да го поднесат само два до три пати неделно. Ако вашата кожа лесно се иритира од овој производ – нанесувајте помала количина од производот, но ако вашата кожа сеуште е иритирана – користетеја поретко!
#7 Секогаш во комбинација со SPF заштита и антиоксиданси!
Ретиноидите даваат најдобри ефекти кога се користат во рутина со SPF заштита со широк спектар од фактор 30 или повеќе. Ретинолот ја прави кожата почувствителна на иритација предизвикана од загадувачи – вклучувајќи ги и UV зраците. Затоа добро е ретинолот да се комбинира со антиоксидантна нега во ист ден – витамин Е и Ц, полифеноли…
#8 Намалете го користењето во зима!
Во текот на зимата, кожата станува сува и почувствителна, па затоа е важно – за време на лето може да го користите ретинолот секоја вечер, но со доаѓање на постудено време, можеби ќе треба да ја намалите употребата на два до три пати неделно. На овој начин ќе избегнете сушење на кожата и иритација.
#9 Не користите го со киселини и бензоил-пероксид!
Ретинолот сам по себе е нестабилна молекула и брзо оксидира и се разградува под дејство на АХА киселини и бензоил-пероксид – антибактериска состојка против акни. Овие состојки кога се комбинираат со: ретинол + АХА и ретинол + бензоил-пероксид буквално се неутрализираат едни со други. Значи, една вечер користите ретинол, а друга вечер одвоено користите киселини и бензоил-пероксид.
#10 Делува превентивно на рак на кожата!
Постои еден неточен мит, а тоа е дека употребата на ретинол го зголемува ризикот од рак на кожата. Дерматолозите се согласуваат дека ова сосема е неточно! Всушност, ретиноидите се познати по тоа што ги корегираат пре-канцерогените клетки и го забавуваат растот на ракот на кожата, а истовремено се намалува ризикот од негово настанување.