Некои парфеми оставија неизбришлива трага на бјути сцената, благодарение на светски познатите икони на филмот и стилот кои ги носеа секојдневно или во посебни прилики. Ова е приказна за нив и ви ги претставувам десетте најомилени парфеми кои беа фаворити на славните холивудски актерки, принцези, како и членки на истакнати политички кругови…
Marilyn Monroe: Chanel No.5
Скоро да нема позната личност која на еден парфем му има дадено таква популарност како што Marilyn Monroe го има дадено на легендарниот женски парфем Chanel No.5. Со откривањето на нејзината тајна дека во кревет оди само со неколку капки на култната петка, Marilyn влезе во историјата, исто како и Chanel No. 5.
Но, дали знаевте дека постои уште еден нејзин омилен парфем? Тоа беше Floris Rose Geranium, нејзината омилена бјути тајна. Парфемот постоеше како Eau de Toilette, а по неговото повлекувањето, уште може да се набави верзијата Bath Essence.
Jackie Kennedy: Joy by Jean Patou
Jackie Kennedy во текот на нејзиниот живот сакаше бројни парфеми, но најверна и најмногу импресионирана беше од парфемот Joy by Jean Patou, кој на мирисната сцена се појави во далечната 1929 година како најскап и најлуксузен парфем на светот. Во него имало повеќе од 10.000 цветови од јасмин, а во 2000 година беше прогласен за парфем на столетието.
Grace Kelly: Creed Fleurissimo, принцезата Diana: Quelques Fleurs
Исто така се паметат и парфемите кои Grace Kelly и принцезата Diana ги носеле на нивните венчавки: Grace мирисаше на Creed Fleurissimo, a принцезата Diana на Quelques Fleurs.
Останатите култни парфеми и дамите кои ги носеле ќе ги пронајдете во продолжение.
MARILYN MONROE: FLORIS ROSE GERANIUM
JACKIE KENNEDY: JOY BY JEAN PATOU
GRACE KELLY: CREED FLEURISSIMO
ELIZABETH TAYLOR: JEAN DESPREZ BAL À VERSAILLES
PRINCESS DIANA: QUELQUES FLEURS