Во бјути круговите до неодамна беше прифатено мислењето дека за добра течна пудра треба да се „искешира“. Во овој контекст се тврдело дека само high-end козметичките брендови нуделе „нешто посебно“, иако тогаш всушност течните пудри не биле усовршени како што се денес и фактот што не биле со толку многу иновации како денешниве.
Во денешниве модерни времиња течните пудри можат се – може беспрекорно да ги прикрие несовршеностите, може да бидат лесни на лицето и да овозможуваат на кожата да дише без затнување на порите и како последица на тоа будење на акни, може да бидат постојани многу долго на лицето, а сепак на крајот може да изгледаат природно без несаканиот ефект на маска.
И не само тоа – може да бидат со прифатливи цени, што од сезона до сезона ни го докажуваат брендовите во најблиската парфимерија.
Течни пудри со прифатливи цени!
Денес, веќе не е тешко да се најде течна пудра која е добра и нема да го наруши вашиот буџет. Всушност, сега имаме уште еден голем проблем – како во морето на одлични пудри да ја пронајдете онаа совршена за себе.
Како и секогаш решението е во експериментирање и тестирање! Секоја кожа е различна, меѓутоа и покрај ветувањето што одредена течна пудра го нуди, во нејзиното вистинско дејство може да се уверите дури кога ќе ја испробате на вашата кожа. Не само да ја пробате, но и да ја носите неколку дена и за одреден период да се уверите во нејзиниот ефект, како и фактот дали навистина одговара на вашиот тип и тон на кожа.
За вас ги пронајдов најдобрите фаворити и ви предлагам да ги пробате!
Сепак, за разлика од некогаш кога таквите експерименти чинеа скапо, сега дури и не ни е жал ако некоја течна пудра не ни одговара, бидејќи не сме платиле многу за неа и секогаш може да ја подариме на пријателката или колешката на која ќе и одговара. На полиците во најблиската парфимерија за вас веќе ги пронајдов најдобрите фаворити и ви предлагам неколку течни пудри со кои може да се обидете, доколку сакате да имате солидна до одлична течна пудра која нема да ве изневери.