Парфемот е еден од оние производи кои имаат многу личен карактер – мирисот често нè потсетува на некоја личност, а многу често зборува за нечиј карактер или стил. Поради оваа причина, важно е да посветите големо внимание на изборот на мириси кои ќе ви бидат заштитен знак, а истовремено да се осигурате дека парфемот ќе биде постојан на вашата кожа, односно нема брзо да испари. Без оглед на тоа кои мирисни акорди ви се допаѓаат – нежни, пудрести, интензивни или дрвенести, на сите важно им е парфемот да биде постојан во текот на денот, особено во текот на летото. Се разбира, за време на топлите денови треба да се има на ум дека мирисните ноти треба да бидат полесни и повеќе суптилни со оглед на високите температури.
Мириси што се паметат!
За парфемот да биде долготраен на кожата, не е секогаш потребно да се посегне по интензивни и тешки мириси, тоа може да се постигне и со парфемите создадени за летните денови кои се составени од цветни ноти и пудрести тонови. Ако сте во потрага по мирис, за вас направив избор од осум парфеми и барем еден од нив би можел да стане летна ѕвезда на полицата во спалната соба, мирис од кој нема да се одделувате во летните денови, но исто така и мирис за кој луѓето ќе ве запираат на улица и ќе ве прашуваат за кој парфем станува збор.
8 парфеми кои ќе бидат постојани во текот на целиот ден!
Без оглед на тоа дали ви се допаѓаат класичните изданија или сакате да пробате нешто сосема ново и поинакво, верувам дека ќе најдете нешто за себе во овој избор на одлични парфеми.