Секоја идна невеста има посакувана цел, а тоа е да изгледа најдобро на нејзината свадба. За денешните дами, убавиот изглед е многу повеќе отколку едноставно да се следат правилата и типичниот изглед – повеќе се работи на манифестирање на себеси преку вибрантен изглед што ја отсликува нивната личност. Резултатот е создавање на бројни трендови во шминкањето кои се движат помеѓу интензивен и суптилен изглед. Затоа, издвоив 6 невестински мејкап трендови кои ќе доминираат оваа сезона!
6 трендови на шминка за невести за оваа година!
Невестинските трендови за шминка за оваа година комбинираат едноставност и неутрални бои со интензивни и сјајни нијанси. Ова е голем мејкап тренд што доминира веќе некое време и ја „натурализира“ шминката, правејќи ја длабока и само-изразена! Значи – оддалечете се од класичните земјени бои и розови усни, бидејќи актуелни трендови на сцената за невестински мејкап се:
# 1: Минимална шминка!
Минималната шминка или шминка без шминка е голем мејкап тренд веќе неколку години и оваа година продолжува да доминира. Уште кога принцезата Megan Markl блесна на нејзината свадба со минимална шминка, популарноста на овој тренд порасна уште повеќе. Овој мејкап изглед бара и ја рефлектира самодовербата и свежината. За вашата кожа да блесне и да го минимизирате присуството на шминка, мора дополнително да се грижите за вашата кожа неколку недели пред големиот ден за вас.
# 2: Допир на сина нијанса!
Кога станува збор за разнобојна шминка, многу дами се спротивставуваат на сината боја. Оваа сезона сината е во фокусот со својата мистерија и елеганција. Туш на очните капаци и маскарата во различни сини нијанси се совршено оружје за истакнување на очите. Од светло сина, кобалт, до темни нијанси, сината е позната по тоа што дава смел, но мистериозен изглед. Сепак, како невеста внимавајте на количината на боја што ја додавате во вашата шминка.
# 3: Црвени усни и виолетови очи!
Разнобојната шминка вклучува умна комбинација на класични, црвени усни со необичен „допир“. Мешавината на виолетови тонови на очите со црвен кармин на усните изгледа суптилно, хармонично и осветлувачки, за изглед како на модна писта, особено ако ја искомбинирате со гламурозна ретро фризура. „Bold crimson“ нијансата на усните доминира неколку сезони наназад.
# 4: Сорбе сјај на усните!
Минималната шминка базирана само на усните, но не преферираат сите жени усни во интензивни нијанси кои привлекуваат внимание. Затоа, за шминка без шминка трендот идеален е сорбе сјајот за усни. Се работи за светкави сјаеви во пастелни бои на праска или нежно розова нијанса, кои создаваат свеж изглед. За да ги искомбинирате со остатокот од вашата шминка, очите нека бидат едноставни, а тенот совршен.
# 5: Природно контурирање!
Уште од зимата 2019 година, мејкап трендовите се препознатливи со едноставност и неутрални бои, така што контурирањето сега е едно големо, НЕ! Нагласеното контурирање што ја менува формата на лицето повеќе не е во фокусот, туку нежно контурирано лице. Целта е да се потенцираат природните линии на лицето така што контурирањето стана вибрантен додаток на вашето лице. Клучот е во тоа, шминкерот да користи природно кремасти контур-тонови што ќе дадат природен изглед.
# 6: „Foli“ сенки за очи!
Foli сенките за очи се популарни веќе неколку сезони, а можете да ги најдете во парфимериите како „liquid metal“ сенки. Се работи за сенки со висока пигментација и металик финиш, кои даваат ефект на фолија која сјае на вашите очи. Ако сакате да нагласите само еден аспект на вашата шминка – нека бидат очите, со помош на foli сените. Ќе ви требаат сенки во сребрена, златна и кафеава нијанса за да создадете folied мејкап изглед!