Женскиот мирис Nina, симболична креација на модната куќа Nina Ricci, бајка и химна за соништата, беше лансирана во 2006 година како магично – романтичен мирис. Шишето во форма на јаболко претставуваше современа реинтерпретација на незаборавниот Fille d’Eve дизајниран од Lalique во 1952 година.
Враќање кон изворот – карамелизирано јаболко!
Nina Ricci ја внесува целата магија на парфемот Nina во креирањето на новиот мирис – Nina Rouge. Новото издание претставува враќање кон изворот – карамелизираното јаболко што го инспирираше оригиналниот Nina мирис, сега е интензивно црвено, похрабро од порано. Транспарентното шишенце е лакирано со блескава црвена боја.
Цветна комбинација која е претерано неодолива и радикално гурманска!
Додека парфемот Nina е цветен, овошен и цитрусен, новиот Nina Rouge претставува цветна комбинација која е претерано неодолива, радикално гурманска, потпишана од Olivier Cresp. Парфимерот кој ја создаде Nina, ја продолжува својата верна соработка со брендот Nina Ricci.
Бурбон ванила и крцкава карамела даваат уникатен благ потпис!
Мирисните акорди на сочни малини, кисел цитрон што ја збогатува свежината на композицијата, проследени со лесно зачинети цветови од ѓумбир и ноти од гарденија со кадифени, скоро кремасти акценти. Во основата на мирисот доминира бурбон ванила и крцкава карамела кои му даваат на Nini Rouge свој уникатен благ потпис.
Манекенката Estella Boersma заштитно лице на Nine Rouge!
Откако ја отелотвори Nina, холандската манекенка Estella Boersma ја продолжи својата приказна со Ninom Ricci, додавајќи му живот на радосната смелост на Nine Rouge.
Nina Ricci Nina Rouge ќе биде достапен во 30, 50 и 80 мл, како Eau de Toilette.