Пронаоѓањето на совршена пудра никогаш не е лесно и штом ќе ја најдеме онаа вистинската, едноставно не се одвојуваме од неа. Сепак, за да го пронајдете вашиот омилен бјути фаворит, честопати неопходно е да пробате многу пудри од кои нема да бидете многу задоволни, да прочитате што повеќе текстови на оваа тема, како и да се консултирате со пријателките за нивните фаворити. Но, она што за другите претставува совршена пудра, не мора да биде за вас, така што потрагата по совршена пудра на крај останува единствено само ваша – која нијанса да се избере, каков тон на пудрата, каква покривност и каков финиш – навистина многу прашања што треба да се земат во предвид. Кога на тоа се додава состојбата на кожата и потребите кога пудрата мора да биде наменета за мрсна, сува, комбинирана, пигментирана или кожа со црвенило, пронаоѓањето станува уште потешко.
Обрнете внимание на формулата на пудрата!
За полесно и побрзо пронаоѓање на совршената пудра, еве неколку совети кои ќе ви помогнат да дознаете, без разлика дали преферирате нешто едноставно и лесно за секојдневно шминкање или барате пудра со потешка формула која ќе ги покрие сите несовршености на вашето лице, како и темните кругови околу очите. Како прво, во текот на целата година, но особено во текот на летото, добра идеја е да се обрне внимание на формулата и да побарате пудра што содржи заштитен фактор, за кожата да биде заштитена од штетното сончево зрачење.
Креми во боја и коректори како одлична алтернатива!
Доколку сте во потрага по идеална пудра која ќе ви биде најдобар сојузник во креирањето на вашиот мејкап изглед за секој ден, најдобро е да се приклоните кон производите кои на лицето не делуваат како маска и немаат силно покривање, но се прозрачни, односно лесни. Овде влегуваат кремите во боја, како и коректорите кои се совршена алтернатива за секој ден.
Пудри со различни нијанси!
Покрај тоа, кога купувате пудра, изберете ги оние три нијанси за кои сметате дека се совршени за вашиот тен. Секоја од нив доближете ја поблиску до работ на лицето, а онаа нијанса која нема разлика со вашиот тен – таа е вистинската! Се разбира, многу е важно изборот да не го правите на вештачка светлина и целиот избор да го направите на дневна светлина, бидејќи на природна светлина може да добиете пореален впечаток и да ги избегнете видливите и несаканите линии од пудрата. Совет што честопати го забораваме кој се однесува на две пудри во козметичкиот несесер – важно е да имате пудри со различни нијанси, една што ја користите кога ќе добиете боја од сонцето, а другата во текот на целата година.
Пудри за кои вреди да обрнете внимание при изборот!
Во продолжение за вас издвоив неколку пудри на кои вреди да обрнете внимание при изборот на совршена пудра.