Брендот Rimmel ја претставува девојката која постојано е cool, но секогаш достапна! Таа е девојка која сака да биде своја, девојка која сака да експериментира, девојка која ги руши границите за да го добие замислениот изглед. Таа не го замислува животот премногу сериозно, затоа што за неа животот е да се пробаат нови работи и да се забавува.
Rimmel дружење!
Rimmel London за младите девојки приреди изненадување со настан кој ќе го одбележи овој месец. Во специјално брендираниот автобус во боите на Rimmel London, младите мејкап артисти, блогерки, инфлуенсерки и девојки за кои убавината е експериментирање, уживаа во настанот специјално организиран за нив од страна на Rimmel London.
Лондон како инспирација!
Се беше во духот на Лондон, а необичното дружење започна со едночасовно возење со двокатниот автобус, симбол на градот Лондон, а за подигнување на расположението задолжен беше ДЈ Бабура Јуниор.
Rimmel е…
Импресиите од прекрасната вечер беа единствени и сите заедно ја пратија пораката: Зошто да се има еден мејкап изглед, кога може да се нашминкате на повеќе начини! Сите беа сложни дека со Rimmel London можат да ја истражуваат убавината и да ја покажат на светот.
Лондон паб во духот на Rimmel!
Забавата потоа продолжи во Лондон Паб каде уште еднаш во духот на Rimmel и градот Лондон сите уживаат во тематски приготвените коктели.
Live the London look!
И вие може да го пронајдете Rimmel London и да ги истражете вашите граници! Rimmel ви подарува алатки да се истражите самите себеси!