- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Од Max Factor пристигнаа производи кои благодарение на најновата Flexi-Hold™ технологија, шминкањето го подигнуваат на ново ниво!

Max Factor All Day Flawless Flexi-Hold™ 3in1 течна пудра

Следејќи го примерот на вашата способност да ги надминете сите пречки, Max Factor All Day Flawless Flexi-Hold™ 3in1 течната пудра се спротивставува на предизвиците на модерниот живот. Ја поседува целата моќ на прајмер за матирање на кожата, покрива како најдобар коректор и има Flexi-Hold™ технологија, а резултатот е пудра отпорна на сјај, на допир, речиси отпорна на се. Достапна во повеќе нијанси, оваа надоградлива формула се соединува со вашата кожа за да и го даде нејзиниот природен тен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Max Factor (@maxfactor) on

Формулата се карактеризира со микро-честички кои ги корегираат несовршеностите, го апсорбираат себумот и ја контролираат појавата на себум. Flexi-Hold™ технологијата создава отпорен, но тенок и еластичен слој на површината на кожата, така што подлогата „се движи“ со кожата и го одржува нејзиниот беспрекорен изглед. Покрај тоа, фино мелените пигменти во висока концентрација нудат одлично покривање и подобри резултати на бојата.

- Реклама -

Max Factor Beauty Protect 3in1 прајмер

Новиот Max Factor Beauty Protect 3in1 прајмер нуди тројна заштита: од сонце, загадување и сина светлина. Иновативната формула содржи оригинален гинко комплекс за заштита од загадување, технологија на целосна заштита од УВА и УВБ, технологија за заштита од сина светлина, како и комплекс од женшен кој помага во заштитата на кожата од секојдневните агресори од животната средина.

Max Factor Facefinity All Day Flawless коректор

Max Factor Facefinity All Day Flawless коректорот содржи Flexi-Hold™ технологија која е дизајнирана да обезбеди беспрекорно покривање кое истовремено е долготрајно, но лесно како пердув. Има средна моќ за покривање и може да се надоградува, за свеж тен кој останува во текот на целиот ден. Коректорот е отпорен на допир и не е мрсен. Се нанесува под очите, ги покрива темните кругови и го намалува појавувањето на фини линии и брчки, за затегнат и блескав изглед. Кога се нанесува на целото лице, ги маскира несовршеностите, ја намалува видливоста на порите и го елиминира неизедначениот тон на кожата и хиперпигментацијата, за совршено покривање од утро до вечер.

Max Factor Miracle Sculpting Wand контури

Miracle Sculpting Wand го прави контурирањето и истакнувањето подеднакво лесно како за почетници така и за професионалци. Мекиот апликатор ја соединува средно-лесната формула со кожата брзо и лесно, за моментален природен сјај на кожата. Погоден е за сите типови на кожа.

Совет од шминкерите: „Нанесете контура на челото, јаболчниците и линијата на вилицата за да го дефинирате лицето“.

Max Factor Miracle Highlighter Wand хајлајтер

Max Factor Miracle Highlighting Wand е универзален хајлајтер со лесна и надоградлива текстура, долготраен и погоден е за сите типови на кожа. Нежниот сунѓерест апликатор и кремастата формула го прават овој хајлајтер едноставно средство за постигнување на саканиот изглед.

Совет од шминкерите: „Нанесете го хајлајтерот на најистакнатите делови на лицето, за блескав тен“.