Со нежен фокус истакнете ги очите оваа сезона! Powder Kiss сенките за очи од брендот MAC Cosmetics даваат нежна мат боја на очните капаци и се прекрасно лесни како облаци со што имате чувство како да е тоа ваша втора кожа. Нежната формула лесно се блендира благодарение на новата Cream Matrix формула, додека иновативната Soft-Focus Filter технологија креира неверојатен измазнет природен ефект. Бојата не се собира и не се пресликува на преклопот на очните капаци. Новата колекција на сенки MAC Powder Kiss се одликува со голем избор на нијанси.
Сенки на допир меки како сатен!
„Освежете ги очите оваа сезона со новите Powder Kiss сенки за очи, кои се меки како облаци“ – ве советува Regan Rabanal, MAC Senior Make Up артист.
„Сенките на допир се меки како сатен, со неверојатна леснотија се нанесуваат на очите и траат со часови. Ако преферирате класичен изглед усогласете ги нијансите на Powder Kiss сенките со Powder Kiss карминот и добијте прекрасен монохроматски мејкап изглед. Очите лесно нагласете ги со четка за да постигнете smokey изглед“.
Единствено во MAC Skopje City Mall
MAC Powder Kiss сенките за очи единствено се достапни во MAC Skopje City Mall. Цената на Powder Kiss сенките за очи е 1320 денари, а рефилното издание на сенката наменето за палета е 930 денари.