Huda Kattan основач на популарниот мејкап бренд Huda Beauty, чии палети со сенки го освоија светскиот пазар во рекордно време, неодамна лансираше нов бренд за нега на кожа – Wishful. Еден нивни производ стана хит на социјалните мрежи. Станува збор за маската за лице Chin Lift – Sculpting Sheet Mask која доаѓа во впечатлива зелена боја и наменета е за полесно обликување и подигнување на брадата.
Незадоволни сте од обликот на брадата? Има решение!
Huda постојано потенцира дека е незадоволна од обликот на нејзината брада, затоа претстави неколку мејкап трикови со кои визуелно можете да го промените изгледот, но таа одлучи да оди чекор понатаму и да претстави производ кој го нуди истиот ефект, но без хируршка интервенција.
Памучна еластична маска со ефект на ладење!
Chin Lift – Sculpting Sheet Mask е направена од памучен материјал кој традиционално се користи за изработка на атлетски еластични ленти. Маската ја имитира еластичноста на кожата и истовремено обезбедува силно, но удобно држење. Посебна улога во подигнувањето на брадата има ефектот на ладење што го обезбедува маската. А тука е и освежувачкото масло од пеперминт кое нуди чувството на ладење, а воедно помага во затегнување на кожата и во смирување на црвенилото. Цената на една маска е 9 американски долари, а нејзината популарност е потврдена со фактот дека во моментот на лансирање беше веднаш распродадена.
View this post on Instagram
Дали всушност делува оваа маска?
Маската треба да се остави на лицето најмалку половина час за да ги забележите првите резултати. Се разбира, колку подолго ја носите маската, толку подобар е резултатот. Но, Chin Lift – Sculpting Sheet Mask ги подели мислењата на социјалните мрежи. Некои што ја пробале оваа маска веднаш ги забележале резултатите од нејзиниот ефект, а други тврдат дека тоа е само моментален ефект на подигнување и дека кожата по некое време се враќа во првобитната состојба. Тие исто така предупредуваат дека маската може да предизвика болка во ушите бидејќи ги влече надолу. Сепак, повеќето обожаватели на брендот Wishful се презадоволни од иновативната маска и Huda добива пофалби со сите страни.
Каде може да ја набавите маската?
Производите од брендот Wisful можете да ги набавите на официјалната страна на Huda Beauty или во најблиското Sephora продажно место.