- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

После официјалното претставување на парфемите со нејзиниот потпис, Елена Ристеска продолжува да фасцинира со својата приказна, објавувајќи видео за Era парфемите. Во главна улога, секако е Елена која е вистински лидер на нејзината генерација и инспирација за многу жени.

Елена апсолутно ги воодушеви фановите и обожавателите на бути-индустријата со неодамнешното лансирање на женски и машки парфем. Парфемите Era, два многу уникатни мириси кои произлегуваат од потрагата по вистинскиот парфем како и потрагата по вистинската љубов, преку следење на сопственото сетило за мирис.

Неверојатното видео е снимено во Мајами, Флорида!

Елена откри зошто паузираше на музички план и по стапките на светските ѕвезди лансираше парфеми со свој потпис. Таа во месец февруари престојуваше во Мајами, Флорида за да го сними неверојатното видео за нејзините парфеми.

Музиката во позадина е мојата нова песна наречена The reason, која е посветена на татко ми. Неверојатната поддршка од сите вас за овој проект ме прави најсреќната жена на светот“ – изјави Елена.

- Реклама -

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ELENA RISTESKA ERA (@elenaristeska_era) on

Оваа приказна ќе ги инспирира и мотивира сите да си ги остварат своите соништа!

Со започнување на рекламната кампања за двата парфеми, Елена раскажува приказна која ќе ги инспирира и мотивира сите да си ги остварат своите соништа.

Мирисните ноти ги изнесуваат од вас вашите најнегувани сеќавања, кои инспирираат да живеете во сегашноста и ве прават оптимистични за иднината. Секогаш бидете лојални на вашите соништа и тежнејте кон квалитет и совршенство, без разлика на времето и напорот потребен за истите. Се надевам дека оваа приказна ќе ги инспирира и мотивира сите да си ги остварат своите соништа“ – изјави Елена.

Деликатна свежина што ќе ве опкружува и трае цел ден! Era Eau de Parfum For Women

Женскиот парфем Era е модерен мирис со егзотична и цветна хармонија. Гламурозен и восхитувачки парфем кој носи еден нов концепт за женственост. Era Eau de Parfum For Women е оригинален и мистериозен мирис за моќни жени со изразена индивидуалност.

Мистичен, цветен, сензуален и егзотичен!

Егзотичната и сензуална нота на анасонот кој се користи најмногу на Блискиот исток, Италија и Индија му дава на парфемот интензитет и специфичност, сето тоа надополнето со свежина и енергична привлечност на коријандерот. Нежната арома на гарденија ја дава романтичната страна на парфемот. Слатката арома на ванила и орхидеја е усогласена со остриот цветен мирис на медитеранската роза и силниот јасмин што поттикнува на љубов и смиреност. Фрезијата ја засилува слатката нота на парфемот, надополнета со свежината на зелената мандарина. Основната нота на парфемот е освежена со пачули и ветивер што му дава особена острина на мирисот.

Долготраен мирис кој ги активира сетилата и станува дел од вашата личност! Era Eau de Parfum For Men

Машкиот парфем Era е елегантен, софистициран и интензивен мирис за успешен, модерен и самоуверен маж. Ве изненадува уште во првиот момент со својата исклучително чиста и светла природа, но во исто време со моќен и хармоничен интензитет. Парфемот Era за мажи е повеќе од ваш мирис, тој станува дел од вашата личност, ви дава доверба и истрајност за да ги постигнете своите цели.

Свеж, интензивен и моќен!

Парфемот се отвора со богата хармонија на ледени ноти од сицилијанско цитрусно овошје, лимон, зелена мандарина и бергамот кои се под влијание на топлата, дрвена, слатка миризба и огнената комбинација на тобако, кедар и егзотично гуајак дрво. Резултатот е неверојатен коктел од машка сензуалност и интензивен допир на возбуда. Средните ноти од богатата лаванда кои даваат чиста, свежа нота до маслиновиот цвет и медитеранскиот анасон, кои создаваат необично чувство на смиреност и слобода. Аромите од пачули од тропска Азија даваат волшебно богат интензитет и длабочина. Мирисот на ванила на крајот предизвикува носталгично чувство на траење.

Каде може да се набават парфемите на Елена?

Парфемите на Елена Ристеска може да ги набавите на официјалната страна на Era Cosmetics.

Имам одлична вест за сите што прашуваат за парфемите надвор од Македонија. Сега можете да ги купите на www.era-cosmetics.com со достава во цел свет“ – вели Елена.