Топлите летни денови бараат кратки здолништа и шорцеви, како и лесни блузи. Но, повеќето од нас не се многу среќни што треба да ги покажат голите раце и нозе. Ако одлучите да ја откриете вашата кожа повеќе од вообичаеното, тогаш претходно нанесете блескаво бронзено масло, кое ќе ја потенцира убавината на вашата кожа!
View this post on Instagram
Едноставен трик како да го направите овој посакуван летен производ дома!
Маслото за тело не само што го подобрува целокупниот изглед на рацете и нозете, воедно ја хидрира и храни кожата. Сончевите зраци можат да ја пробијат заштитната бариера на кожата, што доведува до сува и испукана кожа на нозете. Затоа, маслото за тело е совршен летен производ, но ако додадете малку бронзер внатре, ќе добиете идеален бронзер за тело со кој ќе изгледате фантастично! Во парфимериите овие производи најчесто се со повисока цена, затоа во продолжение ви нудам едноставен трик, како можете овој посакуван летен производ да го направите дома и тоа само од две состојки, а да го добиете истиот ефект!
Магија со 2 состојки!
За да го направите вашето бронзено масло за тело, потребни ви се само 2 состојки: лесно апсорбирачко масло за тело, може да користете бебешко масло и светкава сенка за очи. Наместо сенка, можете да додадете бронзер со светки или потемен бронзен хајлајтер – изборот е ваш!
Направете сами!
Постапката за да направете домашно блескаво бронзено масло е многу лесна откако ќе ги одредите вашите состојки!
Прво со шпатула издробете ја сенката или бронзерот за да добиете прав. Потоа, во празно шишенце ставете мала количина на масло (околу 30 мл) и додадете 1/4 лажица бронзен прав и измешајте. Продолжете со додавање на сенката во прав или бронзерот сè додека не го добиете посакуваниот интензитет на боја.
Маслото за тело може да изгледа многу темно во шишето, но вашата кожа нема да се обои во таа нијанса. Ефектот врз кожата е многу суптилен и ќе постигнете фантастичен блескав летен изглед. Правот од сенката или бронзерот се таложи на дното на шишето, затоа ќе морате да го протресете пред секоја употреба.