Pepe Jeans London лансира две колекционерски изданија наречени Black Is Now, уште еднаш фаворизирајќи екстремно привлечни шишиња во облик на чаша за мартини кај женското издание и шејкер за коктел кај машкото издание.
Црната тема на колекционерските изданија изнуди промена на боите на шишињата, но и на надворешното пакување. Мирисните композиции се интензивирани и малку со малку потемен карактер од претходните изданија.
Шишето за машкиот мирис е целосно црно, додека за женскиот мирис шишето е во боја на фуксија, но со ист дизајн како претходните изданија.
Pepe Jeans Black Is Now For Him
Мирисот за мажи Pepe Jeans Black Is Now е смело толкување на првата креација лансирана под името Life Is Now.
Лавандата и интензивните акорди на кафе се мешаат со голема доза на мелени лешници. Печените зрна на кафе создаваат зависност и оставаат природен ефект, пропратен со темни акорди на ветивер, кедар и пачули. Композицијата е најавена како модерна и неодолива. Мирисот го потпишува парфимерот Jerome di Marino.
Pepe Jeans Black Is Now For Men е достапен во 100 мл, како Eau de Toilette Spray.
Pepe Jeans Black Is Now For Her
Мирисот за жени Pepe Jeans Black Is Now е со сензуална, цветна композиција, интерпретирана како зависен коктел. На отворање на мирисот, свежата и наркотична datura е опкружена со жива сочност. Топлината на основата се заснова на килибар кој остава мек и кадифен допир засладен со шеќер во прав и ванила.
Pepe Jeans Black Is Now For Her е достапен во 80 мл, како Eau de Parfum Spray.