Olympea – популарното издание на брендот Paco Rabanne, доби свој наследник наречен Olympea Blossom Eau de Parfum Florale. Новото мирисно издание фаворизира слатка и овошна мешавина од ноти, загреана со мека ванила со навестување на солени акорди кои се присутни низ целата Olympea линија.
Цветен и свеж мирис за самоуверена жена!
Пулсот на Olympea Blossom одекнува кај секоја жена. Ќе ве понесе новата мирисна композиција на Olimpea Blossom: цветен и свеж мирис што Paco Rabanne го создаде за самоуверена жена. Кога се носи на кожа, неговиот мирисен букет наоѓа совршена рамнотежа помеѓу суптилната свежина на латици од роза и овошни акорди од сјајна црна рибизла и замрзната круша. Позади вас, парфемот Olympea Blossom ќе го остави својот препознатлив сладок и нежен мирис. Познат, романтичен и модерен!
Дуел помеѓу мирис на латици и длабока сензуалност!
Композицијата е опишана како овошна и цветна и ја симболизира неочекуваната женственост. Прекрасен дуел помеѓу освежувачки мирис на латици и длабока сензуалност.
На почеток, полнеж од свежи рози се меша со шербет од горчливи црни рибизли. Зачинети ноти и заоблена ледена круша даваат контраст на овој цветен пунч. Леснотијата на цветноста потоа се меша во ултра секси контраст, каде што нежната ванила се меша со дрво од кашмир. Парфемот со својата мошусна трага обезбедува долготраен мирис и создава осмоза на кожата.
Шише со цветни графики инспирирани од цветни мотиви!
Olympea Blossom Eau De Parfum Florale е достапен во шишиња од 30 мл како Eau de Parfum и со транспарентно капаче и во шишиња од 50 и 80 мл како Eau de Parfum со црно капаче. Шишето на новата креација е илустрирано со цветни графики инспирирани од цветни мотиви, додека нежното розово стакло од шишето придонесува за чувството на свежина.