Valentino Voce Viva Intensa
Новиот парфемски столб на италијанската модна куќа Valentino беше лансиран во есента 2020 година, како Voce Viva – мирис претставен од американската поп ѕвезда Lady Gaga и замислен како луксузен италијански мирис со модерен пресврт.
View this post on Instagram
Мојот глас, мојата сила!
Неговата нова верзија, наречена Voce Viva Intensa е претставена една година подоцна. Voce Viva го слави уникатниот глас на секоја жена прикажан во една реченица: Мојот глас, мојата сила! Тоа е покана да ги изговорите и живеете своите соништа.
Интензитетот на мирисот е зголемен со двојна доза на ванила!
Voce Viva Intensa симболизира цвет разбуден во духот на современата женственост на Valentino. Смелиот цвет на портокал и прекрасниот јасмин се освежени со блескава хармонија од цитрусни акорди. Кристалниот мов во основата на мирисот дава земски карактер, а интензитетот на мирисот е зголемен со двојна доза на сензуална Bourbon ванила.
Квадратно и елегантно шише со иконските Valentino Rockstud детали!
Шишето на Valentino Voce Viva Intensa е спакувано во кутија обоена во бургунди нијанса, исто како и делови од капачето, боја која преставува елеганција и луксуз и боја која беше една од доминантните во минатата сезона во светот на модата. Течноста на новиот парфем е во розова нијанса, сместена во квадратно и елегантно шише, со иконските Rockstud детали на Valentino.
Voce Viva Intensa е достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum Intense.