Во ноември минатата година, Ariana Grande им се придружи на многу други познати личности во индустријата за убавина со лансирањето на нејзиниот бренд за убавина – R.E.M. Beauty.
Производи за убавина за сите кои сакаат да се чувствуваат неверојатно!
Ariana првата ултравиолетова колекција ја нарече – Chapter 1 – Ultraviolet – која вклучуваше 12 различни производи за храбар мејкап изглед инспирирани од вселената. Сега, Ariana Grande конечно го лансира своето второ поглавје – Chapter 2 – Goodnight & Go.
„Толку многу ми значи што можам да создадам линија на производи за убавина за сите кои сакаат да се чувствуваат неверојатно. Шминката е толку лична и да имаш можност да им помогнеш на луѓето да се чувствуваат уште поубаво отколку што веќе се чувствуваат во сопствената кожа, а исто така да обезбедиш алатки кои ги поддржуваат и охрабруваат луѓето во нивната креативност и самоизразување е подарок што јас никогаш нема да земам здраво за готово“ – вели Ariana Grande.
Goodnight & Go
Второто поглавје вклучува нови врсти на производи, но сè уште присутна е високо пигментираната шминка што сите ја познавате и сакате.
„Размислете за повеќедимензионални бои, ултра-сензорни текстури и смирувачки сензации кои го трансформираат вашето секојдневие во блажено бегство. Сега влезете во нашата земја на чуда. Време е да кажеме добра ноќ“ – R.E.M. Beauty
Eyeshadow palette
Новото поглавје вклучува нови палети на сенки за очи – Midnight Shadow во три пролетни и шарени комбинации. Можете да создадете живописни илузии со изборот од шест мат и блескави нијанси што можете да ги носите од утро до вечер. Секоја палета со сенки е инспирирана од препознатливиот изглед на Ariana и има свиленкаста формула, која дава лесно чувство и максимална пигментација.
Metallic gel eyeshadow
Со нанесување на очните капаци од гел сенката во пет нијанси, добивате повеќедимензионални ефекти кои блескаат како ѕвезди. Металик бојата лесно се лизга и спојува со кожата за максимален креативен израз. Иновативната водена формула нуди суптилно освежувачко чувство, удобен повеќедимензионален финиш што ќе ги направи ѕвездите љубоморни.
Eyeshadow gloss
Можете да добиете сјаен изглед на очните капаци и да ги осветлете очите со гел сјајот за очи, производ со кој практично нема да чувствувате тежина. Флексибилната, проѕирна формула се лизга и нуди мазна, влажна завршница со рефлектирачки светлосни ефекти, за да изгледате неверојатно од секој агол.
Dream lashes
Завршниот допир на вашиот изглед направете го со новите два сета на вештачки трепки. Овие висококвалитетни – 3D вештачки трепки, изгледаат подобро од реалното. Бестежинските трепки даваат чувство на целосна удобност.
Cheek & lip stick
Нов и возбудлив мултифункционален стик за образи и усни во 10 нијанси за да го добиете сјајот на Ariana. Зграпчете го овој 2во1 балсам, лесен за употреба кога сакате сјајна боја со природен изглед на вашите образи и усни. Во составот има ултра-хидратантни состојки како маслото од семе од јојоба и екстракти од грозје. Кремаста формула и дава на кожата да дише и чувство на удобен финиш.
Cooling blurring undereye balm
Брендот успеа да остане доследен на својот храбар фокус на очите кој отсекогаш бил потпис на Ariana притоа преземајќи нов возбудлив чекор во негата на кожата со разладувачки балсам кој помага во смирување и замаглување на несовршеностите во деликатната област под очите и помага да се намали изгледот на отеченост и да се намали појавата на темни кругови.
Calming face mist
Смирувачкиот мист за лице со излив на космичка смиреност за кожа под стрес која ги обвива сетилата со смирувачки мирис на есенцијално масло од лаванда, а инфузијата од вода од камилица и помага на кожата да се чувствува мека и хидрирана.
Lash & brow boosting serum
Серумот за зајакнување на веѓите и трепките кои допираат до ѕвездите, формулиран со биотин, помага да се промовираат видливо подолги, подебели трепки и веѓи само за 4 недели.
Каде може да се најдат?
R.E.M. Beauty производите можете да ги најдете на официјалната веб страна на козметичкиот бренд на Ariana Grande.